Пожари во Турција: „Многумина загубија сѐ“ | Информации и анализи за Балкан | DW | 03.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Пожари во Турција: „Многумина загубија сѐ“

ЕУ испрати авиони за гаснење пожар во Турција за да помогне во борбата против огнената стихија. Во пожарите загинаа најмалку осум лица. Го пренесуваме очајот на луѓето во Манавгат, Анталија.

Конструкција од кревет, јагленосани чајници... Нема речиси веќе ништо од стариот живот на Хусније Окудан. Она што повеќе од 30 години беше нејзин дом, е изгорено до темел. Кога огнот пред неколку дена беснеел во нејзиното село, раскажува таа, ситуацијата била - живот или смрт:

„Кога го видов огнот, готвев јадење во кујната. Истрчавме и избегавме што подалеку од овде. Сега куќата ни е уништена, сѐ што имавме едноставно веќе го нема. Можевме само ние да се спасиме. Фала му на бога, преживеавме.“

Снимки од дронови го прикажуваат обемот на уништувањето. Огнот во Манавгат, во провинцијата Анталија, претвори во прав и пепел огромни површини со шума и уништи цели села. Најголемиот дел од пожарите во околината се во меѓувреме под контрола. Но, тоа за мештаните е слаба утеха. Тие ги загубија своите куќи, животни, градини. И, речиси никој не знае како натаму.

На други места сѐ уште има пожари. Западно од Манавгат, во омилениот туристички регион Мармарис, на викендот беа евакуирани хотели поради опасното приближување на огнот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги посети погодените региони и вети брза помош:

„Нема да дозволиме страдање на нашите граѓани. Ќе ги покриеме настанатите штети. За оние кои ги загубија животите не можеме да сториме веќе ништо друго освен да се надеваме на божја милост, но можеме да го обновиме сето она што го уништи огнот.“

Повеќе:

Фотографија на денот: Очајничка борба со огнот

Грција, Турција, Италија– пожари и топлотен бран од историски размери 

Во Манавгат во моментов многумина се надеваат на помош од соседите. Во една џамија се собира леб, вода и облека - најнеопходното. И имамот Рамазан Сусамџи помага колку што може.

„Сум преживеал многу, но ваква природна катастрофа овде досега немало. Многу луѓе загубија сѐ. Немам зборови за страдањето на луѓето“, вели тој.

Türkei Manavgat | Waldbrände

Џамија во Мавагат

Луѓе како Хусније Окудан. Таа секој ден доаѓа кај руините од својот стар живот. Куќата повторно ќе се изгради, вели таа, но огнот засекогаш ѝ уништи многу сеќавања.