Пожарите во Турција носат критики за владата | Информации и анализи за Балкан | DW | 04.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Пожарите во Турција носат критики за владата

Илјадници луѓе на турскиот средоземноморски брег и натаму се борат против шумските пожари. Опасноста за жителите и туристите расте. Се зголемува и незадоволството од кризниот менаџмент на владата.

Големите шумски пожари во Турција беснеат повеќе од една недела. Силниот ветер и екстремната горештина постојано го разгоруваат огнот. Илјадници пожарникари се обидуваат да го стават огнот на средоземноморскиот брег под контрола. Досега големите пожари, од кои се погодени главно туристичките региони Анталија и Мугла, можеа да бидат ставени под контрола само делумно. Десетици села и хотели се евакуирани, голем број мештани и туристи се со бродови однесени на сигурно.

Штетите веќе сега се огромни. За девет лица помошта стигна предоцна, голем број луѓе се повредени. Од многуте куќи, пред сѐ во Манавгат, град во провинцијата Анталија, остана само пепел. Од почетокот на годината, според наводи на турските власти, веќе е уништена површина од 2138 хектари.

Актуелните пожари важат за најлоши во Турција во последната деценија. Сепак, екологот и експерт за пожари Исмаил Бекар додава и дека треба да се има предвид оти годинава вниманието на медиумите е поголемо: „И лани имаше големи пожари во Турција. Но, пожарите годинава се поприсутни во медиумите, па многу луѓе мислат дека одеднаш сѐ е во пламен“, вели тој за ДВ.

Waldbrände in der Türkei

​​​​Илјадници пожарникари се вклучени во гаснење на пожарите

Лошата опрема го отежнува гаснењето

Освен загриженоста, кај населението расте и незадоволството од кризниот менаџмент на владата. Според Министерството за земјоделство и шумарство, во акција на гаснење на пожарите се само шест турски авиони. Покрај нив, ангажирани се и 45 хеликоптери. Сепак, критичарите укажуваат дека најголемиот дел европски земји со медитеранска клима се подобро опремени.

Повеќе:

Пожари во Турција: „Многумина загубија сѐ“

Фотографија на денот: Очајничка борба со огнот

Грција, Турција, Италија– пожари и топлотен бран од историски размери 

Незадоволството е поттикнато и од извештаите за многу технички проблеми во справувањето со кризата на турскиот воздухопловен сојуз ТХК, под чија надлежност се авионите и хеликоптерите за гаснење пожари. Владата, под чија капа е ТХК, како што се вели, го запоставила сојузот и лошо ја одржува опремата.

Türkei | Defekte Löschflugzeuge

Дефектни авиони за гаснење пожари во Турција

Твитер-кампања: #helpturkey

И на социјалните мрежи многу корисници се жалат на турската влада. Во неделата вечерта дел од Твитер-корисниците ја почнаа кампањата #helpturkey. Под овој хаштаг голем број луѓе бараат помош и солидарност од меѓународната заедница. „Сакаме да ги повикаме сите земји да ни помогнат.“ Како што се вели, меѓународна помош е неопходна затоа што немало доволно авиони за гаснење на пожарите. Кампањата брзо стана вирална, меѓу другото и поради тоа што доби поддршка од познати личности.

Државата најави дека ќе стави на располагање помош за регулирање на штетите од пожарите. Претседателот Ердоган вети 50 милиони лири за провинцијата Анталија, со цел да се покријат „итните потреби во погодените региони“. Со тоа би требало да се компензира пред сѐ штетата во земјоделството и сточарството.

Türkei verheerende Waldbrände

Претседателот Ердоган вети 50 милиони лири помош за провинцијата Анталија

ЕУ доаѓа напомош

Во меѓувреме Турција доби помош од странство. ЕУ, која со Анкара подолго време има тешки односи, прискокна на помош и испрати три авиони за гаснење пожари. Авиони во погодените региони испратија и Русија, Азарбејџан и Иран.

Во потрагата по причината за пожарите турската влада не исклучува дека е можно да се одговорни „саботери“. Опозицијата и дел од погодените граѓани сметаат дека е тоа обид да се сврти вниманието од, како што велат, неуспешниот кризен менаџмент,

И експертот Бекар смета дека не би требало рефлексно да се смета оти за пожарите се виновни подметнувачи: „Во медитеранскиот регион на топло и суво време и најмала искра може да предизвика големи пожари“, нагласува тој.