Жртви во пожарите во Турција | Информации и анализи за Балкан | DW | 29.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Жртви во пожарите во Турција

Во пожарите што ја зафатија Турција загинаа најмалку три лица. Десетици села се евакуирани.

Голем дел од вкупно 41 шумски пожар се во меѓувреме изгаснати, соопштија турските власти. Во пожарите на турското средоземноморско крајбрежје и во други региони животот го загубија повеќе луѓе.

Најмалку три лица загинаа во пожарот во Анталија, каде има и 122-ца повредени. Од нив 58 луѓе се на лекување, јави турската државна аганеција Анадолу, повикувајќи се на информации од Службата за заштита при катастрофи Афад.

Türkei | Waldbrand in Antalya bedroht Häuser

Регионот на Анталија е омилена туристичка дестинација

Пожари имаше и во регионите Мерсин и Аланија. Во текот на изминатата ноќ во 13 турски провинции избија 41 шумски пожари. Бекир Пакдемирли, министер за земјоделство и шумарство, на Твитер соопшти дека за гаснење на пожарите биле ангажирани 29 хеликоптери и повеќе од 1800 пожарникари и други спасувачи. Гаснењето на пожарите сѐ уште трае.

Повеќе:

Фотографија на денот: Пожарите кај Атина зафатија и куќи

Во меѓувреме се евакуирани жителите на 18 села во општина Анталија, како и 16 села во Адана и Мерсин, соопшти Пакдемирли. Засега нема информации за евакуација на гости во хотели во регионот, кој инаку е омилена туристичка дестинација.

DW.COM