1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Türkei | Putschversuch 2016 gegen Präsident Recep | Gerichtsverfahren in Ankara
Фотографија: AFP
Закон и правосудство

Турција: Доживотен затвор за десетици обвинети пучисти

ЖА / агенции
26 ноември 2020

Во Анкара завршува главниот судски процес против лица обвинети за несупешниот обид за пуч во 2016 година. На обвинителна клупа се близу 500 армиски припадници. Турски суд денеска ги изрече првите 27 пресуди.

https://p.dw.com/p/3lr7x

Суд во Турција денеска им изрече казни доживотен затвор на 27 лица за неуспешниот обид за државен удар во 2016 година. Тие се осудени за делата „обид за уривање на државниот поредок", потоа „обид за убиство на претседателот" и извршени убиства. Во главниот судски процес за обидот за соборување на владата на Реџеп Таип Ердоган беа опфатени вкупно 475 обвинети.

Мнозинство од 27-те денеска осудени на доживотен затвор се офицери и пилоти, кои од воздух бомбардирале повеќе објекти во Анкара. Офицерите пак се обвинети за спроведување на пучот од воената база Акинчи. Се очекува наскоро да бидат соопштени и пресудите за останатите преку 400 обвинети лица.

Во обидот за државен преврат во јули 2016 година , според официјални турски наводи, биле убиени повеќе од 250 луѓе. Турската влада тврди дека двигател на обидот за пуч било движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен. Тој од 1999 година живее во егзил во САД и категорично ги демантира обвинувањата.

По неуспешниот обид за државен удар турската влада драстично го заостри односот кон опозицијата. Ширум земјата се поведени стотици судски постапки, уапсени се десетици ијади луѓе, отпуштени се десетици илјади вработени од државната администрација. 

Бранот апсења трае до денешен ден, иако темпото по пет години од обидот за пуч е забавено. Досега се изречени пресуди за 4154 осомничени, околу 2500 од нив според официјални податоци добија доживотни затворски казни. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Albanien EU-Gipfel Tirana

Процесот на проширување на ЕУ добива нов замав

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница