Турција гневна поради карикатурата на Ердоган на насловната страница на „Шарли Ебдо“ | Свет | DW | 28.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Турција гневна поради карикатурата на Ердоган на насловната страница на „Шарли Ебдо“

Сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ на својата насловна страница го стави турскиот претседател Ердоган. Турција реагира остро и обвинува за „културен расизам“.

Türkei Präsident Erdogan

Турскиот претседател Ердоган е бесен

Турција остро ја осуди насловната страница на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, на која има карикатура на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердогановиот директор за комуникации, Фахретин Алтун, го обвини магазинот за „културен расизам“.

„Таканаречените карикатури“ се „одбојни“ и без човечки морал, се вели во соопштението на Алтун. Тој пишува дека „анти-муслиманската агенда на францускиот претседател Емануел Макрон носи плодови“.

Карикатурата објавена денеска на насловната страница на „Шарли Ебдо“ носи наслов: „Ердоган: Во четири очи е многу забавно“. На неа е прикажан турскиот претседател Ердоган во маица и гаќи кој пие од лименка. Притоа, Ердоган го поткрева здолништето на забрадена жена за да и’ го открие задникот. „Ооо, пророк“, вели фигурата. Насловната страница носи наслов „Ердоган - приватно е многу забавен“.

Односите на Франција и Турција се вжештени со денови. Повод беа изјави на Макрон за слободата на мислење и за исламот по бруталното убиство на професорот Самуел Пати од страна на осомничен исламист. Францускиот претседател повеќепати застана во одбрана на слободата на мислење и на објавувањето карикатури. Самуел Пати ги прикажал карикатурите за пророкот Мухамед во текот на настава за слободата на мислење.

Повеќе:

Критиката на Макрон на исламот го бранува арапскиот свет

Тешката борба на Франција против исламизмот

Франција: Обезглавен професор - Макрон: „Ова е терористички напад“

Пакистан и повеќе арапски земји го критикуваа ставот на Макрон. Ердоган повика на бојкот на француски производи и лично го нападна Макрон, препорачувајќи му да отиде на „психички преглед“. Потоа Франција го повлече својот амбасадор од Анкара.

Реклама