Турција ги запре летовите за Белорусија | Европа | DW | 12.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Турција ги запре летовите за Белорусија

Притисокот на ЕУ врз Турција покажува резултати - службата за цивилно воздухопловство на оваа земја ги запре летовите за Белорусија за државјани со сириски, ирачки и јеменски пасоши.

Турција им забрани на државјаните на Сирија, Ирак и Јемен да летаат од Турција за Белорусија. Одлуката на службата за цивилно воздухопловство доаѓа по најавите на белоруската авиокомпанија Белавиа дека веќе нема да пренесува дражвјани на одредени земји од Турција во Белорусија. ЕУ претходно се закани со заострување на санкциите, кои се однесуваат меѓу другото и на авиокомпании кои ѝ даваат поддршка на Белорусија за криумчарење мигранти во насока на ЕУ.

Состојбата во пограничниот регион помеѓу Полска и Белорусија останува тензична. Полските безбедносни сили, според полициски наводи, повеќепати спречиле обиди за илегално преминување на границата во текот на изминатата ноќ. Белоруските војници вчеравечер во близина на Кужница се обиделе насилно да турнат група од 35 мигранти преку границата, тврди портпарол на локалната полиција за агенцијата ПАП. Во групата, како што се вели, имало претежно жени и деца. Полските полицајци, граничари и војници ја спречиле групата да ја премине границата.

Belarus Polen Grenze Migranten

Полски полицајци на границата со Белорусија

Во регионот, според полската полиција, има уште околу 200 луѓе кои се под надзор на белоруски војници. Многу информации од пограничното подрачје не е можно да се проверат, поради тоа што на независните новинари и натаму не им се дозволува пристап до регионот.

Повеќе:

Полска стравува од нови судири со мигрантите од Белорусија

Срамната улога на Европа во мигрантската криза

Бегалска драма на границата меѓу Полска и Белорусија: Сириец си ги бара родителите

Белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја, која живее во егзил, ја повика Германија да преземе порешителни мерки против властите во нејзината татковина.

News Bilder des Tages Frank-Walter Steinmeier und Swetlana Tichanowskaja 11.11.2021
Frank-Walter Steinmeier und Swetlana Tichanowskaja

Светлата Тихановскаја беше примена од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во дворецот Белви во Берлин

„И натаму комуницираме со германската влада (...), за да ја стави Белорусија во прироритетите на надворешната политика, за да биде похрабра во своето делување“, изјави Тихановскаја во интервју за Дојче веле. Тихановскаја вчера беше примена од германскиот претседател Франк Валтер-Штајнмајер.

Поврзана содржина