Турција: вонредната состојба станува „нормална“ | Свет | DW | 19.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Турција: вонредната состојба станува „нормална“

2 години по обидот за државен удар, претседателот Ердоган официјално го укина законот за вонредна состојба.Критичарите стравуваат дека ограничувањата од вонредната состојба ќе бидат заменети со уште порестриктивни мерки.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во земјата кратко по неуспешниот државен удар во јули 2016 година, а потоа седум пати ја продолжуваше за по три месеци. Владата веќе подготви нови анти-терористички прописи. Во изработка е закон за „борба против тероризмот во нормална состојба“. Треба по стапувањето во сила треба да се применува најнапред три години

Нацрт-законот, кој ѝ е достапен на германската новинска агенција ДПА, одредува како да се разрешуваат судиите, припадниците на вооружените сили или вработените во министерството кои се товарат дека имаат врски со „терористички" групи. Како и при вонредна состојба, државата сака на оние кои се отпуштени од државна служба поради сомневање за тероризам, да им го одземе пасошот.

Повеќе:

-Ердоган: Првиот султан на модерна Турција

-Турција по пучот: на отстрел новинарите и административците

-Една година по обидот за пуч: Ердоган во зенитот на моќта

Моќта на државниот апарат останува

Гувернерите на провинциите треба барем да задржат делови од нивната моќ од вонредната состојба. Тие  со  идниот законот ќе бидат овластени да им забранат пристап до одредени места на лица осомничени за „нарушување на јавниот ред и безбедноста“. Покрај тоа, тие ќе смеат и натаму да ја ограничуваат слободата на собирање. Осомничените можат да бидат задржани во полициски притвор од 48 часа до 12 дена - подолго отколку пред почетокот на вонредната состојба.

Стара вонредна состојба под ново име?

Медиумите критички настроени кон владата однапред предупредија дека раководството во Анкара со новите прописи сака вонредната состојба под друго име да ја претвори во нормална состојба.

За време на вонредната состојба во Турција, остро критикувана во меѓународнaта јавност,  беа ограничени основните човекови права, како што се слободата на собирање или слободата на печато. Ердоган беше во можност да управува со декрет. Ова нема да се промени многу дури и по укинувањето на законот за вонредна состојба.

 

DW.COM

Реклама