Турција бара укинување на визите за да ги задржи бегалците | Свет | DW | 01.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција бара укинување на визите за да ги задржи бегалците

Турција ќе се повлече од договорот со ЕУ за запирање на бегалскиот бран, доколку Брисел не го исполни ветувањето за овозможување на безвизен режим за земјата, се закани шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу

Безвизниот режим во ЕУ беше главната награда за соработката на Анкара во запирањето на илјадниците бегалци кои преминуваа во Европа. Неговото воведување е забавено поради новото анти-терористичко законодавство и големите чистки кои турските власти ги спроведуваат по неуспешниот пуч.

Чавушоглу вели дека запирањето на бегалскиот бран досега функционирало поради „многу сериозните мерки“ кои ги презела Анкара.

„Но сето тоа зависи од укинувањето на визите за нашите граѓани, што е и дел од Договорот со ЕУ од 18 март“, изјави Чавушоглу во интервју за денешното издание на Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Türkei Aussenminister Mevlut Cavusoglu

Мевлут Чавушоглу

„Доколку наскоро не уследи визната либерализација ние ќе бидеме принудени да се откажеме од договорот за преземање на вратените бегалци и од целиот Договор“, рече турскиот министер.

Турција бара датум кога ќе биде воведена либерализацијата и се надева дека тоа би можело да се случи до средината на октомври.

Но, од Брисел не се големи оптимисти по ова прашање. Европскиот комесар Гинтер Етингер неодамна изјави дека Анкара годинава најверојатно нема да ја добие визната либерализација поради чистките по неуспешниот воен пуч.

Претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер вели дека е загрижен оти договорот со Турција би можел да пропадне.

„Голем е ризикот. Успехот на договорот е под прашање. Претседателот Ердоган неколку пати најави дека сака да го прекине договорот“, изјави Јункер во интервју за австрискиот Куриер.
Доколку тоа се случи, Јункер предвидува дека „може да се очекува бегалците да застанат пред портите на Европа“.

Реклама