Туристички главоболки: „Ни полицајците не знаат што е дозволено“ | Свет | DW | 18.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Туристички главоболки: „Ни полицајците не знаат што е дозволено“

Од денеска Италијанците смеат повторно да одат на плажа. Но, таму владее збрка од правила и прописи. Особено апсурдно делуваат правилата на Сардинија.

„На Сардинија нема Ковид“, вели регионалниот претседател Кристијан Солинас за ДПА. „Сакаме да направиме сѐ за сите посетители да имаат безгрижен одмор, кој ќе го минат безбедно.“

Според официјалните бројки, на Сардинија има околу 1300 корона-случаи, а од Ковид-19 се починати околу 120 луѓе. За споредба - во цела Италија има околу 32.000 починати и повеќе од 223.000 инфицирани лица. „Сардинија ја плаќа цената за страшните слики од северна Италија“, вели Солинас. Тој се залага за враќање на туристите. За таа цел тие треба да покажат резултати од тест дека не се инфицирани со коронавирус. Но, како тоа ќе биде спроведено во пракса, е нејасно. Нема секој да сака да оди на лекар и да се информира за тестирање поради тоа што сака да оди на одмор во Сардинија. Солинас објаснува дека тестирање ќе се прави и во хотелите или на аеродром. Како точно тоа ќе функционира, исто така не е јасно.

Во секој случај, островот, на кој има само малку болници, не може да си дозволи инфекција со коронавирус до поголеми размери. Најавата е во спротивност со податокот дека досега се направени само малку тестови на жителите на островот. Но, таа покажува дека туристите создаваат потреба од преземање мерки. Во јуни стартуваат меѓународните летови.

Сардинија е сиромашен регион. Невработеноста е голема, индустрија речиси нема. Туризмот учествува со 14% во економското постигнување на Сардинија, нагласува Солинас. Особено силен економски мотор е летниот туризам. „Ако тој пропадне, многумина до наредното лето нема да имаат приходи“, објаснува Клаудија Кастелано, туристички водич на Сардинија. Мајката на две деца во моментов нема никакви приходи. Поднесла барање за помош од државата, но досега нема добиено ништо. Таа се нервира поради многуте правила кои за никого не се разбирливи. „Два месеца не смеевме ни да отидеме на плажа. Насекаде контроли и хеликоптери над нас.“ Како во полициска држава „во која ни полицајците не знаат што е дозволено“, вели Кастеално додавајќи: „Се чувствуваш како да си им испорачан.“

Italien Sardinien Sandstrand (Imago/imagebroker/H. Corneli)

Како ќе изгледаат плажите на Сардинија годинава?

Ако се фрли поглед во каталогот со правила, настапува збунетост. И за одење на плажа има комплексно упатство со правила кои мора да се почитуваат на ниво на цела Италија. Околу секој чадор за сонце треба да има 10 квадратни метри слободен простор. Лежалките без чадори мора да се оддалечени 1,5 метар и да се дезинфицираат по секој корисник. За одржување на дистанцата и хигиената ќе се грижат „ковид-менаџери“. Кабините за пресоблекување смеат да ги делат само членови на семејството, не и пријатели. На влезовите во плажите е можно и мерење температура со термоскенери.

Во регионот Лигурија дури имаше и идеја на капачите да им се ставаат електронски нараквици кои вибрираат ако лицето се приближи премногу до соседот.

Неизвесно е дали годинава во Италија ќе доаѓаат големи бранови туристи. Имиџот на земјата е нарушен многу во корона-кризата. „Ова ќе биде сезона со многу несигурни варијабли“, објаснуваат од здружението-управител со плажи Федербалнеари. Се проценува дека приходите ќе бидат 50% помали од лани.

Во Италија е голем стравот дека туристите ќе претпочитаат да заминат во средоземноморските држави кои се помалку погодени од корона-кризата, како Грција или Хрватска. Затоа владата во Рим, по два месеца стриктен карантин, почна со укинување на рестрикциите. Од 3 јуни треба повторно да биде дозволен влез од странство.

 

DW.COM

Реклама