Туризам во време на тероризам | Панорама | DW | 22.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Туризам во време на тероризам

Во потрага по безбедност многу годишноодморци остануваат дома или барем во сопствената земја. Така на пример хотелското сместување во германските одморалишта на Северното и на Балтичкото Море е комплетно букирано.

Многу германски туристи, кои инаку редовно патуваат во странство, оваа година претпочитаат одморот го поминат во татковината. Причина се терористичките напади и немири во некои туристички дестинации. Омилена цел сега е Балтичкото Море. Навистина, студената вода баш и не повикува на капење, ама на гостите сепак од тоа им е поважна- безбедноста.

За децата е тоа големо доживување- одмор на Балтичкото Море. Иако температурата на водата е само 16 степени. Многу Германци оваа година не сакаат да одат на долги патувања и претпочитаат останат во татковината. Иако речиси никој не влегува во вода. Но подобро тоа отколку одмор во страв.

„Минатите години често патувавме во Турција, каде денес во моментов не би требало да се патува. Се' е малку преопасно. И во другите земји не се знае што се случува. Од тој аспект ова е лошо време.“, вели еден турист.

Гледај видео 02:02
Now live
02:02 минути

Каде на одмор во време на тероризам?

Тука може сѐ да се заборави. А не мора ни да се смрзнува, бидејќи во покриениот базен во текот на целата година температурата на воздухот е 32 степени. А тука е и тобоганот долг 200 метри! Фантастично за 14-годишниот Том од Хановер. Тој е прв пат тука.

„Инаку редовно патуваме со авион. На Мајорка, Египет и слично. Земјите со сонце. Но оваа година ништо од Египет. Бидејќи Исламска држава е во близина.“, вели Том.

Тука во моментов има 4.000 гости. Се' е полно. Како и во поголемиот број хотели на германскиот брег на Северното и на Балтичкото Море. Рекордерите по број на патувања во странство претпочитаат да останат дома.

„Утринава навистина постојано ни се јавуваа гости чиј одмор во Турција е краткорочно сторниран и кои сакаа да знаат дали се' уште има некое слободно место. Вака краткорочно е секако лошо, но ние секогаш се обидуваме да сториме се' што е можно.“, вели Мартина Лоренцен од одморалиштето „Вајсенхојзер Штранд“

Во германската покраина Шлезвиг- Холштајн годишно доаѓаат 27 милиони туристи. Оваа година има 10 проценти повеќе резервации.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама