Тужба против Трамп од речиси 200 сенатори и конгресмени | Свет | DW | 14.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тужба против Трамп од речиси 200 сенатори и конгресмени

Народните избраници од редовите на Демократската партија го обвинуваат претседателот на САД дека ги затаил исплатите за него од странски влади преку неговата бизнис империја. Тоа е повреда на уставот, велат тие.

Станува збор за пари од странство, кои се влеваат во глобално активната биснис групација на Доналд Трамп. Околу 200 пратеници од Демократската партија во американскиот Конгрес потпишаа тужба против американскиот претседател Доналд Трамп поради, како што наведуваат, примања исплати од странски влади преку своите компании. Тие го обвинуваат Трамп за кршење на уставот и примање подароци без согласност на Конгресот. Ова е најголем број на сенатори и конгресмени во историјата кои тужат еден претседател на САД. Слични тужби поднесуваат и државни службеници и бизнисмени.

Белата куќа ги отфрла обвинувањата. Портпаролот Шон Спајсер рече дека зад тоа стојат политички и партиски причини. Министерството за правда не ја коментираше оваа тужба, но порано наведе дека е неуставно да се тужи претседателот во „приватен капацитет“. Најмалку 30 сенатори и 166 конгресмени ја потпишаа тужбата. Тие велат оти Трамп не побарал согласност од Конгресот ниту за една финансиска исплата префрлена на неговите компании од страна на странски влади откако стана претседател. „Претседателот Трамп има конфликт на интереси со најмалку 25 држави, а изгледа дека тој ја користи својата улога на претседател да ги зголеми своите профити“, изјави конгресменот Џон Коњерс.

Бизнис царството на Трамп опфаќа над 500 компании, вклучувајќи хотели, терени за голф и станбени згради од кои многу соработуваат со странски влади. Кога ја презеде должноста претседател, Трамп, контролата врз бизнис империјата ја префрли на фондацијата со која управуваат неговите возрасни синови. Адвокатите на претседателот тврдат дека законот не се однесува на ситуацијата во која се наоѓа Трамп и оти забраната за прифаќање на подароци од странските влади „не вклучува плаќање на хотелски соби."

DW.COM

Реклама