Трупите на Асад го освоија стариот град на Алепо | Свет | DW | 07.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трупите на Асад го освоија стариот град на Алепо

Отпорот на бунтовниците во завојуваната северносириска метропола се повеќе се урнисува. Владините трупи воспоставија контрола врз целиот историски центар на Алепо. Ова го потврдуваат и опозициски интернет сајтови.

Сириската војска и нејзините сојузници во текот на вчерашниот ден зазедоа 5 нови населби во источно Алепо и сега контролираат повеќе од 70 проценти од тој дел од градот кој 4 години беше во рацете на бунтовниците. Според информациите потврдени и од опозициските интернет страници силите верни на претседателот Башар ал Асад успеале да го освојат стариот дел на градот.

Додека провладините сили незапирливо напредуваат во источниот дел од градот, главното бојно поле на конфликтот, Москва и Вашингтон меѓусебно се обвинуваат за блокирање на секој обид за прекин на насилството во кое загинаа стотици луѓе и се иселени околу 50.000 луѓе. Три недели од почетокот на разорната офанзива за освојување на цело Алепо, прорежимските сили, кои ги поддржуваат борци од Иран и од Либан како и руската воена авијација, успејаа последните денови да освојат десетина бунтовнички населби.

Во вторникот режимските сили ја освоија важната населба Чаар, резиденцијална и најважана населба во средиштето на источно Алепо и со нејзино губење бунтовниците се истерани во јужниот дел, а режимот може да тргне во офанзива против нив, рече директорот на Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР), Рами Абдел Рахмане.

Убиен руски офицер

Рускиот полковник кој беше воен советник во делот од Алепо под контрола на сириската војска, загина од граната на бунтовниците, соопшти  во меѓувреме руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти оти полковникот Руслан Галицки, кој беше ранет пред неколку дена, им подлегнал на повредите. Тој е трета руска жртва оваа недела во разорениот град Алепо каде две Русинки, болничарки, загинаа во ракетен напад врз импровизираната руска воена болница.

Сириската влада и нејзиниот сојузник Русија ги отфрлија повиците за прогласување прекин на огнот во Алепо бидејќи продолжуваат во офанзива на владините сили против бунтовниците кои засилено ги губат упоришта на истокот на тој некогаш најголем сириски град .

 

DW.COM

Реклама