Тројца убиени во нападот со нож во Ница | Свет | DW | 29.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тројца убиени во нападот со нож во Ница

Во напад со нож во црква во Ница се убиени три лица, а повредени се шестмина. Истрагата ја презема обвинителството за антитероризам во Париз.

Во напад со нож во францускиот град Ница, според досегашните сознанија, убиени се три лица. Полицијата соопшти дека има и повеќемена повредени. Агенцијата ДПА, повикувајќи се на извори во француската полиција, јавува за шест повредени лица. Нападот се случил во црквата Нотр Дам. Две лица биле убиени во црквата, а третата жртва избегала, но потоа подлегнала на повредите, се вели од полициски извори.

Полицијата препорачува да се избегнува делот од градот околу местото на нападот. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин потврди дека во центарот на Ница се одвива полициска акција и најави одржување кризна седница. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, најави дека ќе тргне веднаш кон местото на нападот.

Frankreich Nizza | Messerattacke | Ermittlungen

Според досегашните сознанија, две лица биле убиени во црквата, а третото лице побеганало, но подоцна им подлегнало на повредите

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, на Твитер објави дека осомничениот напаѓач е уапсен. Тој при апсењето бил повреден и однесен е во болница. Според првичните сознанија, напаѓачот дејствувал сам. Естроси оценува дека нападот личи на терористички. „Без сомневање“ начинот одговара на убиството на професорот Самуел Пати пред неколку дена, оцени Естроси. Тој пред новинарите изјави дека жртвите биле убиени на „ужасен начин“.

Напаѓачот при апсењето извикал повеќепати „Allahu akbar“ (Господ е голем), рече градоначалникот на Ница.

Повеќе:

Франција: Обезглавен професор - Макрон: „Ова е терористички напад“

Тешката борба на Франција против исламизмот

Франција во шок: Што може да се стори против паралелните општества?

Во меѓувреме, истрагата за нападот ја презеде обвинителството за антитероризам во Париз. Според информациите оттаму, истрагата се води, меѓу другото, за убиство поврзано со терористичка намера.

Францускиот Исламски совет (ЦФЦМ) го осуди крвопролевањето и ги повика муслиманите во Франција да ги откажат сите прослави по повод раѓањето на пророкот Мухамед. Првиот човек на француската Бискупска конференција, надбискупот Ерик де Мулен-Бофор, рече дека е запрепастен од она што се случило и повика на молитва за жртвите и нивните семејства.

 

Поврзана содржина

Реклама