Тројца уапсени по нападот во Утрехт | Свет | DW | 19.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тројца уапсени по нападот во Утрехт

Мотивот за вчерашниот напад во холандскиот град Утрехт во кој загинаа три лица останува непознат. Уапсениот 37-годишен Турчин имал долго досие на прекршоци и кривични дела, меѓу кои, и обид за убиство и силување

Холандската полиција привела три лица за кои се сомнева дека биле вклучени во нападот во кој животот го загубија три лица. Останува нејасно што го мотивирало осомничениот напаѓач, 37-годишниот турски државјанин Гокмен Танус, да ги застрела луѓето во трамвај пред да побегне од местото на злосторството.

Од петмината повредени во нападот, тројца се во критична состојба, соопшти градоначалникот на Утрехт Јан фан Занен. Вториот уапсен осомничен во врска со настанот, но деталите за неговата вмешаност во нападот не се соопштуваат. Истото важи и за третиот уапсен.

Во однос на првоосомничениот, Танис, холандското министерство за внатрешни работи објави дека се уште се утврдува дали тој бил мотивиран од тероризам или од приватна кавга. Танис од претходно и бил познат на полицијата.

„Доколку постоел терористички мотив, тогаш ќе биде пронајден“, изјави премиерот Марк Руте.

По нападот и додека траеше потрагата, Утрехт и околината во која живеат околу 350 илјади луѓе, беше речиси херметички затворен од полицијата.

Fahndungsfoto Schießerei in Utrecht Gokmen Tanis (Reuters/Utrecht Police)

Првоосомничениот Гокмен Танус

Првично беше зголемено и новото на опасност од тероризам, но подоцна беше спуштено, а во соседна Германија полицијата воведе дополнителни контроли на границата.

Еден од сведоците на настанот за холандските медиуми изјави дека му делувало оти напаѓачот е концентриран на една жена во трамвајот која прва ја застрелал. Потоа, додека лежела немоќна, напаѓачот се обидел повторно да ја нападне, но ги повредил луѓето кои тргнале да и помогнат.

Осомничениот Танус бил осуден за обид за убиство во 2013 година, а против него се води постапка и за силување.

 

DW.COM

Реклама