1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Mazedonien Coronavirus Uniklinik in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski
Здравје

Трка за болнички кревет повеќе

СН/агенции
7 април 2021

Македонскиот здравствен систем е под огромен притисок во третиот бран на коронавирусот. Бројот на пациенти во болниците континуирано расте.

https://p.dw.com/p/3relq

Во македонските болници во моментов,според податоците на здравствените власти има огромен наплив на пациенти од Ковид-19. Бројката на хоспитализирани изнесува 1744.

Се интервенира со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар според систем на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет.

Според македонските здравствени власти оваа недела е критична кога станува збор на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати.

Mazedonien Coronavirus Uniklinik in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи во државава достигна 21.265. Само вчера беа пријавени нови 1259 случаи на Ковид-19 од направени 4.555 тестирања. Борбата со болеста ја загубија 45 лица.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Македонски локдаун

-Сведоштво на медицинска сестра: „Мора да преживееш за синот!“

-Ковид-19: Најкритично во четири градови, наскоро пристигнува нова пратка вакцини

Во меѓувреме продолжува масовната вакцинација против Ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ и во сите здравствени домови ширум државата а од денеска во сила стапуваат преостанатите рестриктивните мерки во рамките на своевидниот локдаун за заштита од натамошното ширење на вирусот. 

Откако вчера беа затворени се фитнес центрите, спортските и салите за вежбање и полицискот час започна два часа порано, односно во 20 часот наместо во 22 часот, од денеска за гости вратите ги затворија и угостителските објекти. Дополнотелителните рестрикции ќе важат до 20 април.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Süd-Balkan-Reise Minderheiten in Nord-Mazedonien

Претседателот на клубот во Битола: Бараме заштита од ЕУ

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница