Трир: Пијан возач со психолошки проблеми однесе четири животи | Информации и анализи за Германија | DW | 01.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Трир: Пијан возач со психолошки проблеми однесе четири животи

И деветмесечно бебе е меѓу жртвите од нападот со возило во германскиот град Трир кој се случи денеска попладне. Возачот, кој е веднаш уапсен, се втурнал меѓу пешаците во центарот на градот.

Четири лица ги загубија животите во денешниот напад со автомобил во германскиот град Трир. Првичните проценки на полицијата се дека напаѓачот, кој со своето теренско возило се втурна меѓу пешаците во пешачка зона веројатно имал психички проблеми, и бил пијан. Најмалку 15 луѓе се повредени, дел од нив посериозно.

Полицијата исклучува политички мотиви за нападот кој го извел 51-годишен германски државјанин.
„Возачот ги прегазувал луѓето по случаен избори“, вели Франц-Дитер Анкнер од полицијата во Трир, додавајќи дека осомничениот веќе бил испрашуван.
Премиерката на покраината Рајнланд Фалц, Мали Дрејер изјави дека е шокирана што меѓу жртвите е и 9-месечно бебе во „бруталниот акт“.
„Ова е ужасен ден“, изјави таа, изразувајќи им сочуство на родителите на детето и на сите други жртви. 

-повеќе на темата: Можат ли градовите да се заштитат од терор?

Очевидци на настанот велат дека виделе како бројни луѓе, вклучително и бебето кое било во количка, буквално одлетале во воздух.

Градоначалникот на Трир Лајбе вели дека местото на нападот е „хорор сцена“ на која била и обувката на убиеното бебе.

Deutschland Trier | Auto erfasst Fußgänger in Fußgängerzone

Напаѓачот возел околу еден километар низ пешачката зона оставајќи зад себе ужас и пустош

Инцидентот започнал околу 14 часот и завршил за четири минути откако пристигнал првиот повик до полицијата, која веднаш го пресретнала возачот. Тој претходно возел околу еден километар низ пешачката зона оставајќи зад себе ужас и пустош.

Живописниот Трир, во близина на границата со Луксембург, е создаден во време на Римската империја и често се нарекува најстариот германски град. Во него е роден и Карл Маркс.

Инцидентот ги разбуди спомените на терористичкиот напад со камион на берлинското божикно пазарче во 2016 година кога беа убиени 16 луѓе.

Гледај видео 00:44

Хорор на божикен панаѓур во Берлин

DW.COM

Реклама