1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трета доза од вакцината на Бионтек/Фајзер штити од Омикрон

ЖА / агенции
8 декември 2021

Варијантата Омикрон на коронавирусот се чини е способна делумно да го заобиколи имунолошкиот систем. Но, бустер доза од Бионтек/Фајзер пружа доволна заштита.

https://p.dw.com/p/43zpv
Pfizer-BioNTech COVID-19 Impfflaschen
Фотографија: Marco Bello/AA/picture alliance

Вакцината на Бионтек/Фајзер против ковид, според податоците од тековни студии, по три дози покажува ефикасност против новата варијанта Омикрон. Но, по две дадени дози, според денешното соопштение на двете претпријатија, ефикасноста на нивниот препарат против новиот сој е намалена. Тековните лабораториски студии при две дози вакцина покажуваат значително намалено неутрализирачко дејство против Омикрон. Иако, две дози веројатно сепак можат да пружат заштита од тежок тек на болеста, додека трета доза може да ја неутрализира вирусната варијанта. Податоците покажуваат исто така дека бустер-дозата го зголемува нивото на неутрализирачки антитела за 25 пати во споредба со две дози. 

Бионтек/Фајзер веќе работат на создавање  специфична вакцина  против  Омикрон  и очекуваат дека ќе можат да ја завршат до крајот на март идната година, доколку за повисока и трајна заштита биде потребно соодветно приспособување.

„Овие први податоци укажуваат дека бустер вакцината сѐуште обезбедува доволна заштита против заболување предизвикано од варијантата  Омикрон.  Општи и сѐопфатни вакцинални кампањи во целиот свет можат да помогнат во подобра заштита на луѓето во светот и успешно пребродување на зимата“, изјави шефот на Бионтек, Угур Шахин.

Омикрон- хаос и неизвесност на аеродромот во Кејптаун

Шахин пред неколку дена изјави - веројатно е дека вакцинираните луѓе располагаат со доволна заштита против тешко заболување предизвикано од  сојот Омикрон,  но тој верува дека во основа сепак ќе биде потребна нова вакцина против новата варијанта, прашањето е само кога ќе биде тој момент.

Варијантата која првично беше откриена во ноември во Јужна Африка, веќе се шири низ цел свет и предизвика аларм поради сомневањето дека во одреден степен ја заобиколува заштитата создадена од имунолошкиот систем. Први студии од Јужна Африка и Германија за заштита од Омикрон варијантата, покажуваат 40 –кратно редуцирано неутрализирачко дејство од антителата