Трета доза вакцина против Ковид-19 за сите | Северна Македонија | DW | 04.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Трета доза вакцина против Ковид-19 за сите

Уште една доза за заштита ќе можат да добијат сите граѓани кои се изложени на ризик од зараза на своето работно место, без разлика на возраста.

Трета доза вакцина против Ковид-19 ќе можат да примат сите граѓани. Комисијата за имунизација предложи да се прошират категориите на граѓани кои што ќе можат дополнително да се имунизираат. Па така, покрај лицата над 60 години, здравствените работници и оние со хронични болести, во иднина трета доза ќе можат да примат сите оние коишто сметаат дека се изложени на ризик. 

„Третата доза ќе можат да ја добијат сите граѓани кои се изложени на ризик од зараза на своето работно место, без разлика на возраста и дали имаат или немаат хронични здравствени состојби. На овој начин ги следиме препораките од други европски земји и САД“, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

Третата доза веќе ја примиле 329 лица. Досега во Северна Македонија се вакцинирани 789.802 граѓани  или 47%, а 734.023 примиле по две дози или 44%. Во моментот во земјата има на располагање околу 400.000 вакцини - од кои 260.000 дози вакцини на „Фајзер“, а останатите се од „Синовак“ и  „АстраЗенека“.  

Анализите покажуваат дека 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани, дури 85% од смртните случаи во период од 6 август до 26 септември биле невакцинирани. Според Филипче, засега нема потреба од заострување на рестриктивните мерки за заштита од болеста. 

Во меѓувреме започнуваат подготовките за скринингот во училиштата за да се види состојбата со Ковид-19. Со скринингот ќе бидат опфатиени 8 200 ученици од основните и од средните училишта. Планирано е скрининот да трае пет дена и дневно да се тестираат по околу 1600 деца во училиштата. Учениците што ќе се тестираат ќе се избираат по случаен избор, а претходно ќе се бара согласност од родителите.