Трговски конфликт: Кина им се заканува на САД со контрамерки | Економија | DW | 17.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Трговски конфликт: Кина им се заканува на САД со контрамерки

Трговскиот конфликт меѓу Кина и САД продолжува да ескалира. Според медиумски извештаи, американскиот претседател Трамп наскоро ќе наметне нови казнени царини. Пекинг порача дека ќе се брани.

Пред можното објавување на новите американски казнени царини, Кина предупреди од натамошна ескалација на трговскиот конфликт. Портпаролката на министерството за трговија во Пекинг, Генг Шуанг, денеска потенцираше дека Народната република ќе одговори со „контрамерки" ако САД наметнат дополнителни казнени царини за Кина. Кина ќе се решително ќе се брани, рече таа.

Дополнителна неизвесност се прошири на берзите во земјата. Берзанскиот индекс Шангај композит денешното тргување го заврши со минус од 1,1 процент на 2651 поени. Со тоа, кинеската берза падна на најниско ниво во последниве четири години.

Повеќе:

-Трамп го зголемува притисокот врз Кина

-Кина против САД: војна за економска превласт

-Кина ги обвинува САД за уцена

Според извештаите на американските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп претходно искажал подготвеност да го турне трговскиот спор со Кина на ново ниво на ескалација. Весникот Вашингтон Пост во неделата објави дека Трамп донел одлука да го оптовари со царини во висина од десет проценти увозот од Кина во вредност од натамошни 200 милијарди долари.

Овој чекор треба да биде официјално објавен во следните неколку дена. Така, половина од увозот од Кина ќе биде предмет на дополнителни давачки. Опфатени се апарати за домаќинство, електроника и играчки. Увозниците во САД се плашат од масовно зголемување на цената на производите на домашниот пазар.

Реклама