Трговска војна, валутна војна, берзански крах? | Економија | DW | 08.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Трговска војна, валутна војна, берзански крах?

Ситуацијата не остава простор за еуфорија: трговскиот конфликт меѓу САД и Кина сега веќе се одразува и не курсот на валутите. Берзите се тетерават меѓу надеж и загриженост.

По турбуленциите од изминатите денови кон средината на неделата берзите малку се смирија. Германскиот берзански индекс ДАКС попладнето веќе не беше на највисокото ниво, но сепак забележа половина процент плус. Сепак, од почетокот на неделата ДАКС падна за околу пет процентни поени. Колку е голема несигурноста во економијата се покажува по други индикатори. Цената на златото скокна за 1,6 проценти на 1500 долари, највисока ставка забележана во изминатите 6 ипол години. Покрај златото кое инвеститорите го сметаат за кризна валута, тие вложуваа и во сигурни државни позајмици. Просечните камати на германските државни позајмици се на рекордно ниско ниво од 0,55 проценти, но инвеститорите свесно го преземаат ризикот на помала добивка само за да си ги стават парите на сигурно.

На берзите уште има доверба

На берзите очигледно сеуште и веруваат на Кина дека нема да ја заслабне вредноста на својата валута од политички или конкурентски причини, или пак да ја искористи како инструмент во трговскиот конфликт со САД, како што во вторникот соопштија од Пекинг. „Кинеската централна банка последно го фиксираше курсот на под 7 кинески јуан за еден долар, за на тој начин да се обиде да ја деескалира ситуацијата", вели Ести Двек, пазарен стратег на компанијата Натиксис Инвестмент Менаџерс. Ако валутата се стабилизира на под ии околу 7 јуани, ситуацијата ќе се релаксира, се надева таа. Во понеделникот доларот за прв пат по 11 години ја пречекори таа „црвена линија" на курсот за размена на валутите.

САД потоа и префрлија на Кина дека ја манипулира валутата. Кина пак, само реагирала на најавата на САД за натамошни казнени царини во висина од десет проценти на кинески производи во вредност од 300 милијарди долари. „Намалувањето соодветствува на вредноста на други валути во Азија", вели Клаудија Калих, која е менаџер на Фондот М&Г за земји во транзит. Таа вели дека вредноста на кинеската валута до скоро била помалку намалувана отколку што тоа се случувало со сосените валути, кои Кинеската централна банка ги следела со особено внимание. Банката денес, како и во вторникот рефернтната вредност на Јуан повторно го фиксираше на кнап под седум за еден долар.

Повеќе на темата:

-Валутната војна на Кина и САД е „трка до дното“

-Девалвација на јуанот - оружје во трговската војна?

-Договор за разговор: Засега крај на трговската војна помеѓу САД и Кина

Но, тоа што дозволила во понеделникот таа црвена линија да се пречекори има симболично значење, смета Рудолф Беш, економист на Декабанк. Тоа покажува дека Кинезите може да ја искористат и својата валута како инструмент во трговскиот конфликт. Беш смета дека е малку веројатно тоа да се случи бидејќи стабилизирањето од изминатите години не и помогнало само на светската економија, туку и на соседите од Азија.

Дали Кина навистина сака војна на валутите?

Стабилноста е важен предуслов за трговија. Но, колку е лабилна ситуацијата се покажа изминатата среда со намачувањето на каматите од страна на повеќе централни банки во азиско-пацифичкиот регион. Индија, Нов Зеланд и Тајланд во некои делови значително ги намалија каматите бидејќи конјунктурата е послаба, а трговскиот конфликт заострен. Со намалувањето на каматите производите на домашни производители во странство се поефтини, а валутата губи на вредност. Во изминатата недела и американската Федерална банка ги намали каматите за за 25 базични поени. Кина не би смеела да сака војна на валутите бидејќи ќе мора да страхува од одлив на капитал, смета Улрих Лојхтман, економист на Комерцбанк. Тоа се случи за време на кризата пред четири години, па од тогаш Кинеската централна банка посилно го контролира трансферот на капитал, но на приватните инвеститори и натаму им стојат многу можности на располагање

Дали ќе има рецесија?

Други податоци за конјунктурата покажуваат колку силно влијание трговскиот конфликт има и врз други економии, меѓу другото и во Европа. Во Германија продукцијата во јуни неочекувано е намалена за 1,5 проценти во споредба со претходниот месец. Причина е и несигурноста на инвеститорите како нештата ќе се развиваат по трговскиот конфликт и Брегзитот и каков ќе биде геополитичкиот развој при можен воен конфликт меѓу САД и Иран. Компаниите во такви случаи купуваат помалку добра за инвестирање за кои пак се специјализирани многу германски фирми. Така се засилува трендот на намалена конјунтура.
Инвеститорите ваквата лабилна ситуација треба будно да ја следат, смета Марк Затлер, шеф на сестринска фирма на компанијата БЦА. „Во минати економски и берзански кризи се покажа дека Централните банки не можат да спречат рецесија во најава и пад во вредноста на акциите", вели тој и ги советува акционерите во секое време да се подготвени да ги намалат нивните ризични инвестиции ако продолжи надолниот тренд и падот во расположението на пазарот. „Тоа според нашите проценки може да се случи многу брзо", страхува Затлер. Ако Кина во трговскиот конфликт ја намали вредноста на својата валута мора да се смета на уште поголеми промени на берзите. „Прашањето тогаш ќе биде, каде да одат парите ако Централните банки истовремено ги намалуваат каматите?" На пазарите за позајмици веќе сега се губат пари, недвижнините се прескапени, а во злато според него требало да се инвестира само помал дел од богатството.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама