1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bulgarien Die erste Sitzung des neu gewählten bulgarischen Parlaments
Фотографија: BGNES

Бугарија: Пратеници му вртат грб на Слави Трифонов

ДТЗ
13 јуни 2022

Владејачката коалиција во Бугарија е во потрага по 12 пратеници за да обезбеди мнозинство од 121 пратеник во парламентот. Трифонов обвинува дека дел од пратениците се поткупени.

https://www.dw.com/mk/%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%84%D0%B5%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5-%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D0%B4%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE/a-62117274

Владејачката коалиција во Бугарија е во потрага по 12 пратеници, со цел да обезбеди апсолутно мнозинство од 121 пратеник во парламентот, по одлуката на партијата „Има таков народ“ да ја напуштат владината коалиција. Додека бугарскиот премиер Кирил Петков јасно стави до знаење дека нема да прифати уцени и ќе прави малцинска влада, бугарскиот претседател Румен Радев ги повика и Владата и пратениците додека одлучуваат за сопствената политичка иднина да не ја забораваат огромната одговорност кон граѓаните и ветувањата за справување со инфлацијата, социјалната и економската криза. 

„Самата ситуација во земјата бара партиите во парламентот да не дозволат противречностите меѓу нив да ги засенат интересите на државата и на Бугарите, порача денеска Радев.  

Bulgarien | Präsidentschaftswahlen | Präsident Rumen Radew
Партиите во парламентот да не дозволат противречностите меѓу нив да ги засенат интересите на државата и на Бугарите, порача Румен Радев. Фотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

Пратеници му вртат грб на Трифонов 

Според бугарските медиуми, пратеници од бугарската партија „Има таков народ“ ја напуштаат пратеничката група и лидерот на партијата Слави Трифонов со цел да ја поддржат владата на Кирил Петков, која остана без мнозинство по одлуката на Трифонов да стави крај на владејачката коалиција и да повлече четворица министри.

-повеќе на темата: Генчовска, Николов, Василев, Караџов - лавина оставки во бугарската влада

Трифонов денеска потврди дека дел од неговите пратеници ќе го напуштат и обвини дека тие се купени. „Штотуку добив информација дека пратеници од ИТН ќе ја напуштат нашата пратеничка група и ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари и функции. Ќе се види кој што ќе стане. Не мора да бидам гатачка за да знам дека ќе кажат многу лаги и измислици во стилот на Кирил и Асен само за да ги оправдаат своите постапки и да ја смират грижата на својата совест. Но, предавството е предавство и никој не ги сака предавниците. Дури и оние што имаат корист од нив“, објави Трифонов на Фејсбук.

Според Медиапул, пратениците на ИТН кои се подготвени да ја поддржат малцинската влада меѓу „Продолжуваме со промените“, БСП и „Демократска Бугарија“ во моментов се помалку од 12. Но, толку гласови се потребни за Владата да има поддршка од 121 глас во парламентот. Трите владејачки партии во моментов имаат 109 пратеници. 

Пратеникот Атанас Михнев од партијата „Продолжуваме со промените“ на премиерот Кирил Петков вели дека се обидуваат да  обезбедат апсолутно мнозинство и дека веќе се обезбедени пратеници, но не прецизира колку.   

Досега четворица министри најавија дека го напуштаат кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков во клучен момент кога земјата треба да донесе одлука за европската интеграција на Западен Балкан. Шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска денеска (13.06) поднесе оставка до бугарскиот премиер, откако претходно тројца министри од партијата „Има таков народ“ (ИТН) се повлекоа од функциите. Премиерот Петков засега не прифатил ниту една од оставките. 

Според Медиапул, можно е двајца од министрите да ги задржат своите функции - Радостин Василев и Александар Николов, кои наводно не го делат политичкиот курс на Трифонов. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница