Трамп ѝ се заканува на Северна Кореја со „втора фаза“ | Свет | DW | 24.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп ѝ се заканува на Северна Кореја со „втора фаза“

Претседателот на САД јасно стави до знаење: доколку не успеат новите санкции против комунистичката земја, конфликот околу Северна Кореја може натаму да ескалира и да стане „многу сурова работа“.

САД воведуваат нови санкции за Северна Кореја, „најголеми досега“, рече претседателот Доналд Трамп. Со овие мерки се опфатени над 50 брода и компании за поморски превоз во Северна Кореја, но и во Кина и во Тајван.

Северна Кореја е веќе погодена со низа меѓународни и американски санкции поради својата нуклеарна програма и ракетни тестови. Меѓутоа, минатата година продолжи со тестовите, вклучувајќи и тестирања на нуклеарно оружје и ракети со висок дострел кои би можеле да го погодат копното на САД.

Американските официјални лица велат дека целта на овие нови санкции е дополнително да се „притисне“ Северна Кореја така што ќе ѝ се укинат извори на пари и гориво за нејзината нуклеарна програма и ќе се сузбие кршењето на веќе постоечките рестрикции.

Повеќе:

-Северна Кореја наголемо ги заобиколува санкциите

-Трамп: „Моето нуклеарно копче е поголемо“

-Северна Кореја смета на војна против САД

Американското министерство за финансии објави список на кој се наоѓаат едно лице и 27 компании. Шеснаесет компании се наоѓаат во Северна Кореја, а пет се регистрирано во Хонг Конг, две во Кина, две во Тајван, една во Панама и една во Сингапур. На списокот се наоѓаат и 28 брода, поголемиот број од нив се севернокорејски, но два се под знамето на Панама, еден под знамето на Коморските острови и еден под знамето на Танзанија.

Трамп вчера на конференцијата за новинари предупреди на сериозни последици доколку овие последни санкции не дадат резултат. „Доколку овие санкции не дадат резултат, ќе мораме да тргнеме во втора фаза, а втората фаза би можела да биде многу сурова, би можела да биде многу, многу лоша за светот“, рече Трамп, притоа не прецизирајќи што таа „втора фаза“ подразбира.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

DW.COM

Реклама