Трамп ќе гради ѕид кон Мексико и ќе им забрани влез на муслиманите | Свет | DW | 25.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп ќе гради ѕид кон Мексико и ќе им забрани влез на муслиманите

Изградба на ветениот ѕид кон Мексико и забрана за влез на муслимани од повеќе земји на Блискиот Исток и Африка. Ова, според најавите, се следните чекори на новиот претседател на САД.

Доналд Трамп ќе го преземе првиот чекор кон исполнување на ветувањето за „подигнување ѕид“ на границата кон Мексико со потпишување на извршна наредба.

Белата Куќа најави дека Трамп ќе го посети одделот за внатрешна безбедност попладнево и се очекува да претстави серија мерки насочени против имиграцијата.

„За утре планираме голем ден во однос на националната безбедност. Меѓу другото, ќе градиме ѕид!“, твитна Трамп доцна синоќа.

Намалувањето на имиграцијата кон САД беше централен столб на изборната кампања на Трамп. Неговата идеја е да изгради ѕид со должина од 3.200 километри на границата меѓу САД и Мексико. Дел од границата е веќе ограден, но Трамп смета дека е потребен и ѕид за да се сопре илегалната имиграција од земјите од Латинска Америка.

Експертите се сомневаат дека ѕидот всушност ќе ја намали илегалната имиграција, и дали вреди да се инвестираат милијарди долари во таков проект кога постојат многу поефективни мерки за постигнување слични резултати. Но, прашањето стана мобилизаторски повик за десницата и крајната десница во САД, основата на поддршката на Трамп.

Сепак, неговата одлука за изградба на ѕидот ќе мора да биде потврдена и од Конгресот, каде мнозинство имаат Републиканците. Тие ќе мораат да ги одобрат средствата за изградба на ѕидот, иако со години бараат поголема фискална одговорност. Дополнително, поголемиот дел од земјата на која Трамп сака да гради ѕид е во приватна сопственост, што имплицира долги правни процедури и значителна исплата на обесштетување.  

Infografik Mexiko USA Grenzzaun ENG

Границата меѓу САД и Мексико на која делумно веќе постои заштитна ограда.

Брана за бегалците
И самиот секретар за државна безбедност, Џон Кели за време на сослушувањето рече дека ѕидот нема да биде изграден набрзо. Трамп вети дека Мексико ќе плати за ѕидот, најава која во мексиканската влада ја отфрлаат со индигнација. Соработниците на Трамп веќе бараат начини да ги зголемат граничните тарифи или трошоците за транзит, како можен начин да го „натераат Мексико да плати“.

Трамп размислува да ја исполни и идејата за забрана на муслиманите да доаѓаат во САД. Од кругови блиски до администрацијата се најавува дека се бараат начини да се запре или забави доаѓањето на бегалци, особено од Сирија и други муслимански земји. Досега САД примија околу 18 илјади бегалци од Сирија, од вкупно 4,8 милиони колку што се водат како раселени од земјата. Се очекува рестрикциите да ги опфатат и Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.

Но Трамп веќе се соочува со сериозен отпор во намерата.

„Доналд Трамп исполнува едно од најсрамните и дискриминаторско ветување кое го даде во кампањата“, вели Трита Парси од Националниот иранско-американски совет.

Трамп размислува за декрет и во однос на т.н. градови заштитници, каде локалните власти одбиваат да соработуваат со сојузните имиграциски власти при израчувањето на илегалните имигранти за депортација.

 

DW.COM

Реклама