Трамп ја нервира Пелоси | Свет | DW | 18.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп ја нервира Пелоси

Американскиот претседател Доналд Трамп и врвната политичарка на демократите, Ненси Пелоси, се во мала војна, која тешко дека може да биде побизарна.

Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, денеска во Брисел попусто ќе ја чека Ненси Пелоси. Причината е американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на демократската Пелоси, која е претседателка на Претставничкиот дом и со тоа негов најважен политички противник, ѝ го откажа патувањето во странство. Трамп, сосема традиционално, во писмо до Пелоси напиша: „Поради шатдаунот, за жал, мора да Ви соопштам дека Вашето патување во Брисел, Египет и Авганистан е одложено.“ И, уште додава дека доколку сака, Пелоси може да го реализира патувањето со редовна авиолинија.

ПовеќеКавга на средбата на Трамп со демократите

Кој почна прв?

Дали Пелоси ќе го стори тоа, не е јасно. Веројатно сега е доволно зафатена со нервозата поради Трамп и со размислување - како да реагира. Или да одлучи дали воопшто да реагира, па со тоа повторно да го навлече врз себе гневот на Претседателот. Писмото на Трамп може да се толкува како одмазда - имено, Пелоси прва започна кавга.

Демократката во средата го извести Трамп за одлагање на неговиот говор пред Конгресот предвиден за 28 јануари и предложи можност тоа да се направи само со писмена изјава. Како образложение наведе безбедносни причини. Поради шатдаунот на американската администрација, тајната служба и Министерството за внатрешни работи веќе 26 дена се без финансии, па можно е да не се во состојба да ја гарантираат безбедноста на Претседателот, наведе Пелоси.

Weißes Haus lädt College Football Spieler zum Fast Food Essen ein (Reuters/J. Roberts)

Поради шатдаунот не работи ниту кујната во Белата куќа, па претседателот Трамп почести една спортска екипа со брза храна

Откажани и други патувања

Патувањето на Пелоси не е и единственото кое отпаѓа. Владата на Трамп сега не испраќа никого на Светскиот економски форум во Давос. Пред неколку дена сѐ уште се сметаше со тоа дека во Давос нема да пристигне американскиот претседател, но дека сепак ќе има делегација од САД.

Повеќе: Трамп се заканува со „вонредна состојба“ и го откажа Давос

Шатдаунот, односно блокадата на буџетот во САД, трае веќе четири недели. Причина за тоа е судирот поради ѕидот кон Мексико кој го бара Трамп. Претседателот не сака да го потпише законот за буџет поради тоа што во него не се предвидени пари за ѕидот. Демократите, на чии гласови е упатен Претседателот во Конгресот, отфрлаат изградба на ѕид.

DW.COM

Реклама