Трамп уште нема докази за труењето на Навални | Свет | DW | 05.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп уште нема докази за труењето на Навални

Западот врши консултации околу санкции против Русија по нападот со отров врз критичарот на Кремљ, Навални, но американскиот претседател Доналд Трамп се колеба. Доколку добие докази, „многу ќе се налути“.

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, досега не е докажано. „Немаме добиено докази", изјави Трамп на прес-конференција синоќа во Вашингтон, додавајќи: „но, јас ќе го разгледам тоа."

Претходно Германија ги информираше сојузниците во НАТО, вклучувајќи ги и САД, дека Навални бил изложен на дејство на нервен отров од групата Новичок пред да падне во кома.

„Не знам што точно се случило. Мислам дека е тоа трагично, страшно, никогаш не би требало да се случи", изјави Трамп на прес-конференцијата. Во однос на тврдењето на Германија дека се работи за труење на Навални, Трамп со изјава: „Би бил многу лут доколку е таков случај".

Повеќе:

НАТО бара меѓународна реакција на труењето на Навални

Случај Навални: Меркел го дисциплинира Путин

Новичок: Советскиот отров за елиминација на неистомисленици

Случај Навални: Германија на курс на конфронтација со Русија

Германската влада во средата соопшти дека Навални без сомнение е отруен со хемиски боев отров Новичок, развиен од советските научници во 70-те години.

На ниво на ЕУ веќе се дискутира околу евентуални санкции против Русија. На вонредниот состанок на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг вчера побара независна истрага на случајот. 30-те членки на Алијансата најостро го осудија шокирачкиот убиствен напад врз критичарот на Кремљ, истакна Столтенберг, употребата на нервни боеви отрови претставува еклатантно кршење на меѓународното право, кое за последица мора да има меѓународна реакција.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан од Москва побараа итно да го разјасни текот на случајот и одговорноста на обидот за убиство на членот на руската опозиција. Нападот врз Навални е тешка повреда на основните демократски принципи и политичкиот пурализам, истакнаа двајцата дипломати.

 

Реклама