Трамп со воена парада низ Вашингтон сака да демонстрира сила | Свет | DW | 08.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп со воена парада низ Вашингтон сака да демонстрира сила

На претседателот Трамп толку многу му се допаднала воената парада во Париз, што и самиот сака една во САД. Тоа не е прашање на его, туку на уважување на достигнувањата на луѓето во униформа, соопшти Белата куќа.

Ќе дефилираат ли тенкови и ракетни системи во иднина низ Вашингтон? Американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја демонстрира силата на својата земја и со воена парада. Тој му наложил на Пентагон да планира една таква парада, соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс

„Претседателот изразува целосна солидарност кон војниците, кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ја гарантираат безбедноста на земјата. Тој побара од министерството за одбрана да ја разгледа можноста за организирање церемонија за време на која сита Американци ќе можат да им оддадат признание на луѓето во униформа“, изјави Сандерс.

Пентагон од своја страна соопшти дека ќе ја разгледа можноста, но засега не е е наведен ниту еден датум за организирање на парадата.

Трамп уште пред неговиот избор за претседател имаше идеја за парада низ Вашшингтон, а подоцна изјави дека бил особено импресиониран од воената парада на 14 јули во Париз, каде во минатата година присуствуваше на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Американскиот претседател тогаш изјави дека воената парада низ Вашингтон би можела да се одржува на 4 јули, американскиот национален празник, познат како Ден на независноста. Но противниците на Трамп ја критикуваа таквата желба како „желба на лидер на автократски режим“. 

Весникот Вашингтон пост објави дека Трамп и министерот за одбрана Џејмс Матис разговарале за тоа на 18 јануари и оти претседателот рекол дека сака парада како во Париз.

Вашингтон пост уште додава дека таквата парада би чинела неколку милиони долари, наведувајќи дека Пентагон е понаклонет кон одржување на парада во ноември на денот на воените ветерани, бидејќи тоа делумно би се поклопило и со 100 годишнината од крајот на Првата Светска Војна и на тој начин би се избегнала директна поврзаност на парадата со сегашниот претседател и неговата политика.

 

DW.COM

Реклама