Трамп смета дека Путин е подобар лидер од Обама | Свет | DW | 08.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп смета дека Путин е подобар лидер од Обама

Иако не застанаа еден спроти друг, Доналд Трамп и Хилари Клинтон вчера го имаа првото соочување во рамките на претседателската кампања. Трамп повторно успеа да го привлече вниманието со контроверзни ставови

Доналд Трамп оцени дека рускиот претседател Владимир Путин е подобар лидер од американскиот претседател Барак Обама за време на телевизиска дебата на која учествуваше и кандидатката на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон. Дебатата ги извади на виделина клучните слабости на двајцата кандидати. Трамп мораше да се брани од обвинувањата дека не е подготвен да биде врховен командант, а Клинтон да објаснува дека скандалот со нејзината електронска пошта не открива проблематична проценка.
Изјава на денот, сепак беше повторното фалење на Путин од страна на Трамп.
„Тој човек има многу силна контрола врз земјата. Тоа е различен систем и мене не ми се допаѓа, но секако, во таков систем, тој е лидер, далеку повеќе одошто нашиот претседател е лидер“, рече Трамп.

Двајцата кандидати добија по 30 минути да одговараат на прашања. Иако не се појавија заедно на сцената, за многумина тоа беше прва најава за претседателските дебати кои ќе следат.

Клинтон ја бранеше својата поддршка за воената интервенција во Либија и вети дека ќе ја порази Исламската држава без притоа да испраќа „американски копнени трупи на терен“ во Ирак или Сирија.
И Трамп најави пресметка со Исламската држава, но рече дека тоа ќе го стори согласно сопствениот, приватен, план кој го изработил, а дополнително ќе побара мислење и од воените генерали.

Трамп откри и мал дел од она што го дознал во рамките на тајните брифинзи кои ги добива од властите поради самиот факт што е кандидат на Републиканците.

„Една работа ме шокираше. Она што го дознав е дека нашето лидерство, Барак Обама, не го следеле она што им го кажале експертите, и многу бев изненаден од тоа“.

Поврзана содржина

Реклама