Трамп се обидува да ја ограничи штетата | Свет | DW | 18.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп се обидува да ја ограничи штетата

Тоа сепак беше повеќе критика и потсмев отколку што Трамп можеше да издржи. Претседателот се поправа по самитот САД-Русија и истакна дека им верува на своите тајни разузнувачки служби. Виновна наводно била граматиката.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека направил лапсус кога на самитот со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки рекол дека не гледа зошто Москва би се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.

Трамп на новинарите во Белата куќа вчера им рече дека всушност сакал да каже дека не гледа зошто Русија „не би“ била одговорна за мешање во тие избори. Тој истакна дека го прифаќа заклучокот на американската разузнувачка заедница дека Русија се мешала во изборите на кои тој стана претседател, но негираше дека неговиот изборен штаб бил во дослух со Москва за време на предизборната кампања.

Повеќе: 

-Жестока критика на умилкувањата на Трамп кон Путин

-Трамп-Путин: самит за страв

-Ќе го издаде ли Трамп Западот?

Трамп говореше пред новинарите еден ден по самитот во Хелсинки, откако речиси целокупната американска јавност остро го критикуваше неговиот однос кон рускиот лидер. Тој во Хелсиники не ја осуди Русија за мешање во американските избори, додека Путин рече дека посакувал Трамп во 2016 година да ја победи кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон.

DW.COM

Реклама