Трамп сака да исфрли 11 милиони „илегалци“ | Свет | DW | 01.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп сака да исфрли 11 милиони „илегалци“

Нула толеранција за илегалните доселеници: Доналд Трамп во својот говор во Аризона најави строга политика на протерување. Претходно беше во изненадувачка посета на Мексико и беше индиректно обвинет за лага.

Доналд Трамп најави остра политика кон илегалните мигранти во случај да биде избран за американски претседател. Странците кои се противзаконски на територија на САД треба да бидат протерани, побара републиканскиот кандидат за претседател за време на својот говор во Феникс, во американската сојузна држава Аризона. Таквите мерки би погодиле 11 милиони луѓе. Тие, меѓутоа, би имале право по протерувањето да поднесат повторно барање за влез во САД.

Два милиона илегални доселеници кои во САД извршиле кривични дела, според Трамп, би биле протерани веднаш по неговото стапување на претседателската функција.

„Нашата порака до светот е следна: оној кој во нашата земја доаѓа илегално, не може да добие легален статус или да стане граѓанин на САД“, рече Трамп, според кого бројот на вработени во службите за странци би требало да се зголеми за три пати.

„Наше право како суверена нација е сами да ги избереме доселениците кои имаат најголеми шанси за успех и кои нѐ сакаат“, рече тој. „Ќе бидеме фер, праведни и ќе имаме сочувство во постапките со сите, но нашето најголемо сочувство мора да биде насочено кон нашите американски граѓани.“

Тешко обвинување од мексиканскиот претседател

Само неколку часа пред неговиот говор во Аризона, Трамп беше во изненадувачка посета на Мексико, каде ги бранеше своите планови за изградба на ѕид на границата: „Една суверена земја има право да изгради ѕид“, рече Трамп по средбата со мексиканскиот претседател Пења Њието. Тој додаде дека со претседателот на Мексико „не разговарал за тоа кој би платил за изградба на ѕид“. Пења Њието ја негираше ваквата изјава. Тој на Твитер објави: „На почетокот на мојот разговор со Доналд Трамп ставив јасно до знаење дека Мексико нема да плати за ѕид“. Како реакција на ваквата порака на Пења Њието, Трамп во Аризона констатираше: „Мексико ќе плати за тоа, само што тие тоа уште не го знаат.“

USA Mexiko Donald Trump Besuch Pressekonferenz

Трамп и Пења Њието во Мексико Сити

Трамп и „десетици илјади Сиријци“

Трамп во својот говор во Феникс и на воените бегалци од Сирија. „Нема веќе да пуштаме десетици илјади луѓе од Сирија, за кои не знаеме кои се. Луѓе кои доаѓаат без документи. Тоа ќе заврши ужасно, ужасно.“

Во бројот на бегалците од Сирја, Трамп очигледно свесно претерува. Имено, во текот на изминатата година во САД дојдоа само 10.000 сириски бегалци.

DW.COM

Реклама