Трамп сака да ги забрани додатоците за рафална стрелба | Свет | DW | 21.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп сака да ги забрани додатоците за рафална стрелба

Американскиот претседател по најновиот масакр е подготвен на помали корекции во лабавата законска регулатива за оружје. Во прв ред станува збор за додатоците за рафална стрелба. Но Трамп самиот не може да го реши тоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одредба за забрана на механизмите кои ја зголемуваат огнената моќ на оружјето, како оние кои минатата година беа користени во нападот во Лас Вегас кога беа убиени 58 луѓе на концерт. Таквите направи наречени „бамп-сток“ овозможуваат да се испукаат стотици парчиња куршуми во минута и обичните пушки да ги претворат во автоматско оружје.  

Последниот збор за ова прашање меѓутоа го има американскиот Конгрес, кој мора да ја усвои одредба во двата негови дома. 

Напаѓачот во Лас Вегас, чии 12 пушки беа опремени со такви направи, испукуваа до 9 куршуми во секунда.

Трамп синоќа во Белата куќа изјави дека му наложил на Министерството за правда да предложи закон овие направи да се прогласат за нелегални. 

Расправата за контрола на вооружувањето повторно стана централна тема по минатонеделниот напад во Флорида кога еден 19-годишник уби 17 ученици и професори во средно училиште во Паркланд.

Повеќе:

-САД: Бунт на жртвите

-Гувернерот на Флорида бара оставка од шефот на ФБИ

-Кои се мотивите на убиецот од Лас Вегас?

Американскиот претседател е под притисок по мобилизирањето на учениците кои го преживеаја масакарот. Неколку десетици ученици и родители со автобус отидоа во Талахаси, главниот град на Флорида, каде градските власти вчера гласаа против законот за заострување на рестрикциите за оружје. Учениците и родителите денеска планираат да организираат демонстрации во Талахаси.

Трамп, кој за време на претседателската капања имаше поддршка од Националното здружение за оружје (НРА)- кое е моќно лоби, се обидува да балансира меѓу оние кои бараат контрола врз вооружувањето и опремата за оружје и оние кои се залагаат да се почитува уставниот амандман за слободно носење на оружје и е многу внимателен околу можноста за поголеми измени на законот за оружје.

Трамп најави дека денес ќе ги прими учениците и наставниците, но веднаш потоа и претставниците на безбедносните сили и вети оти ќе направи конкретни потези училиштата да станат побезбедни. 

„Без разлика дали сме републиканци или сме демократи, треба да се коцентрираме на контрола на историјата на оние кои купуваат оружје“, напиша вчера Трамп на Твитер. Тој не наведе до каде е подготвен да оди во таа контрола, што е многу чувствително прашање во САД.

Американската влада вчера соопшти дека е подготвена за расправа за можно воведување на старосна граница за купување на полуавтоматско оружје, кое има магацин со голем капацитет. Таков тип оружје, како што е АР-15, е користен во нападот во Паркланд и во поголемиот број неодамнешни масовни убиства во САД.

DW.COM

Реклама