Трамп преместува војници во Вашингтон | Свет | DW | 03.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп преместува војници во Вашингтон

Илјадници луѓе и синоќа протестираа во повеќе градови во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пред Белата куќа и по почетокот на полицискиот час. Во Вашингтон се засилува присуството на војската.

Американската војска, според сопствени наводи, преместила околу 1600 војници во воени бази околу Вашингтон, за во случај на потреба, да можат да ја поддржат полицијата со оглед на протестите кои не стивнуваат.

Воената полиција и инфантеристи се во состојба на готовност во случај да притреба нивна поддршка, изјави портпарол на Министерството за одбрана на САД, а преместувањето на војниците го наредил министерот за одбрана Марк Еспер.

Новинската агенција АП објави дека околу 700 војници се падобранци чија база се наоѓа во Форт Бреџ, Северна Каролина, тие се преместени на периферијата на американскиот главен град и се целосно вооружени.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави намера да ангажира илјадници тешко вооружени војници за да ги оконча безредијата на маргините на мирните протести, кои започнаа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, жртва на насилна полициска интервенција.

Повеќе:

Остри осуди за состојбата во САД од ЕУ и Германија

Протести во САД: „Америка се распарчува сама себеси“

Трамп – со библија во раката и со закани со војската против демонстрантите

Протести во САД: „Луѓето се чувствуваат безнадежно и беспомошно“

Вчера над Вашингтон кружеа хеликоптери во исклучително низок лет над демонстрантите – очигледен обид за нивно заплашување.

Интервенција на американските воени трупи против граѓаните од правна гледна точка би била можна, но таа би значела драстична ескалација на ионака екстремно тензичната ситуација, предупредуваат политичари и експерти во САД. 

Гледај видео 01:19

Минеаполис не се смирува

Без оглед на заканата со сила од владата, демонстрантите повторно се собраа и синоќа пред Белата куќа и по почнувањето на полицискиот час. Со денови во Вашингтон, Њујорк, Минеаполис, Лос Анџелес, Хјустон, Чикаго и други метрополи луѓето го искажуваат својот револт, протестирајќи против полициско насилство, расизам и социјална неправда. Повод беше смртта на Џорџ Флојд, кој почина по полициска бруталност при неговото апсење во понеделникот минатата недела.

Демонстрациите меѓутоа во многу градови преминаа во насилства и ограбувања на продавниците, по што повеќе градови воведоа полициски час во ноќниот период.

Полицијата во понеделникот вечерта насилно ги растури мирните протести пред Белата куќа. Грубата полициска интервенција наводно била наредена лично од министерот за правда Вилијам Бер. Додека полицајците употребуваа солзавец,  претседателот Трамп во говор одржан во градината на Белата куќа се закани дека ќе ја употреби војската за да ги запре протестите.

 

 

Реклама