Трамп не се предава | Свет | DW | 19.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп не се предава

Признавање на поразот? Се чини дека американскиот претседател Трамп и не помислува на тоа. Наместо тоа, инвестира три милиони долари за ново броење гласови.

Доналд Трамп не се предава. Американскиот претседател побара делумно пребројување на гласовите во уште една сојузна држава - Висконсин. Според Трамп, во оваа американска сојузна држава би требало да се пребројат гласовите во Милвоки и Дејн. Според актуелниот резултат, предизвикувачот на Трамп, Џо Бајден, победи во Висконсин. Тој, според Едисон Рисрч, таму освоил околу 20 илјади гласови повеќе од Трамп.

Изборниот штаб на Трамп префрлил три милиони долари за пребројување на гласовите, соопшти Изборната комсија на оваа сојузна држава. Ново пребројување на сите гласови во Висконсин би чинело околу 7,9 милиони долари.

Трамп се’ уште тврди дека изборната поибеда му е одземена со помош на фалсификување наизборите. Во Милвоки и Дејн, како што соопшти неговиот изборен тим без да поднесе докази, имало „најлоши неправилности“.

Повеќе:

„Американската демократија е во опасност!”

САД: Повлекувањето од Авганистан и Ирак е неодговорен потег

Нов почеток со Вашингтон

Изборната комисија во Висконсин соопшти дека не се утврдени неправилности ниту во Милвоки ниту во Дејн. Во двата региона предноста на Бајден е голема. Тој, како што е соопштено, освоил 577.455 гласови, додека Трамп има 213.157 гласови.

Пребројувањето на гласови во Висконсин и на други места во САД во минатото не водеа до којзнае какви поместувања во односото на силите. Кога на претседателаските избори во 2016 година беа пребројани гласовите во Висконсин, Трамп доби уште 131 глас повеќе.

Поврзана содржина

Реклама