Трамп на победнички курс | Свет | DW | 09.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп на победнички курс

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп ја оддржува предноста пред демократката Хилари Клинтон. Се очекува исходот од уште четири сојузни држави каде трката е докрај неизвесна.

Во САД се пребројуваат последните гласови од претседателските избори. Во бројни сојузни држави одлуката веќе падна. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп се наоѓа во значително водство. Хилари Клинтон успеја да ја намали разликата до Трамп со прогнозираната победа во сојузната држава Невада, една од т.н „свинг“ држави. 

Остануваат да бидат соопштени прогнозите за уште четири сојузни држави, каде трката е докрај неизвесна. Клинтон заостанува во трката во Висконсин и Мичиген, кои традиционално се за Демократската партија, а исходот е целосно неизвесен и во државите Пенсилванија и Њу Хемпшир.

Во изборниот штаб на Трамп во еден хотел во Њујорк, неговите приврзеници со овации јапроследуваа секоја прогнозите за негова победа во одделни сојузни држави.

Гледај видео 00:35

Еуфорија во изборниот штаб на Трамп


Кандидатот на Републиканците Доналд Трамп според актуелните прогнози води според бројот на т.н. електорски гласови со 244 спрема 215, колку што има Клинтон. За победа на изборите се потребни 270 гласови од електорите.


DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама