Трамп молел ФБИ да ја прекине истрагата против Флин? | Свет | DW | 17.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп молел ФБИ да ја прекине истрагата против Флин?

Најновото разоткривање има потенцијал на државна афера: белешка на екс-шефот на ФБИ, Коми, го доведува американскиот претседател Доналд Трамп во теснец. Републиканци бараат увид во целокупната документација.

Водечки американски медиуми го презедоа и доградија извештајот во „Њујорк тајмс“, според кој претседателот Доналд Трамп го замолил тогашниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, да ја прекине истрагата против поранешниот американски советник за безбедност Мајкл Флин, во врска со неговите контакти со Русија. „Њујорк тајмс“ се повикува на белешка која Коми ја напишал по средбата со Трамп одржана ден по оставката на Флин во февруари. Откритието одекна во Белата куќа 24 часа по протекувањето на вестите според кои Доналд Трамп во разговорт со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров „се излетал“, пренесувајќи бризантни тајни информации.

Белата куќа веднаш побрза со демант- претседателот никогаш не молел за прекин на било каква истрага, па ни против Флин. Тој чувствува голема почит кон органите на прогоноти сите истраги. Белата куќа тврди дека станува збор за непрецизно пренесување на конверзација меѓу Трамп и Коми. 

Bildkombo U.S. Präsident Donald Trump und FBI Direktor James Comey (Reuters/J. Lo Scalzo/G. Cameron)

Доналд Трамп и Џејмс Коми

Уште колку долго ќе се стрпуваат Републиканците?

Дали новата афера го загрзозува останувањето на Трамп на функцијата, зависи од неговата партија. Републиканците имаат мнозинство во двата парламентарни дома. Само Претставничкиот дом може да покрене постапка за отповикување од функцијата. Надзорната комисија на Претставничкиот дом побарала до 24 мај да ја добие целокупната докуменатција и снимките од разговорите меѓу Трамп и Коми. Републиканскиот сенатор Џон Мекејн изјавил: „Веќе сме го гледале овој филм. Ова ги добива размерите на Вотергејт“.

„Руска врска“?

Флин во февруари, по помалку од еден месец на функцијата советник за национална безбедност, мораше да поднесе оставка, зашто уште пред стапувањето на Трамп на должноста, водел тајни разговори со рускиот амбасадор поврзани со американските санкции против Русија. Доналд Трамп го отпушти Џејм Коми на 9 мај.Бројни Демократи се надеваат Коми да биде поканет да даде јавен исказ во Конгресот и да ја обелодени содржината на спорните забелешки. Но, за покана сосгласност треба да дадат и доволен број Републиканци.

Претседателствувањето на Доналд Трамп од почеток е под сенката на обвинувањето дека Русија извршила влијание врз исходот на претседателските избори во негова корист. ФБИ врши истрага околу овие сомничења. Критичарите сметаат дека токму тоа е вистинската причина за отпуштањето на Џејмс Коми. 

 

DW.COM

Реклама