Избраниот претседател на САД, Џо Бајден сега го добива досега спречуваниот пристап кон владината структура за да може да се подготви за преземање на власта. Актуелниот претседател Доналд Трамп ѝ издал налог на својата администрација да соработува со Бајден. Раководителката на надлежната управна служба, ГСА, Емили Марфи, добила инструкции да „го направи она што мора" за да го поддржи преодниот тим на Бајден, твитна Трамп, со дополнување: „Нужен чекор."
Претходно ГСА го означи Бајден како веројатен победник, на тој начин давајќи зелено светло за кооперација на администрацијата на Трамп со тимот на демократот. Така Џо Бајден добива пристап до 6,3 милиони долари предвидени за непречен пренос на владините работи. Истовремено соработниците на Бајден сега можат официјално да комуницираат со владините службеници, што досега им беше оневозможено.
-
Кои се избраниците за новиот кабинет на Џо Бајден?
Ентони Блинкен, министер за надворешни работи
Блинкен е долгогодишен близок соработник на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Тој работел во администрацијата на двајца демократски претседатели и бил истакнат советник во Комисијата за надворешни работи на Сенатот. Извршувал и функција заменик – национален советник за безбедност, како и заменик државен секретар во втората влада на Обама, кога Бајден беше вицепретседател.
-
Кои се избраниците за новиот кабинет на Џо Бајден?
Џон Кери, специјален претседателски пратеник за клима
Поранешниот министер за надворешни работи ќе биде специјален претставник на Бајден за прашања поврзани со климата. Кери од 1983 до 2013 година беше сенатор во Масачусец, пред да ја преземе највисоката функција во надворешната дипломатија во втората влада на Обама. Кери во името на САД во 2015 година го потпиша Парискиот договор за климата, а две години подоцна Трамп ја повлече земјата од него.
-
Кои се избраниците за новиот кабинет на Џо Бајден?
Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН
Линда Томас-Гринфилд од 2013 до 2017 година беше на важни позиции во Министерството за надворешни работи. За време на епидемијата на ебола, таа ја раководеше американската политика во Африка јужно од Сахара. Бајден планира да ѝ ја довери важната функција за Белата куќа, амбасадор во ОН.
-
Кои се избраниците за новиот кабинет на Џо Бајден?
Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност
Адвокатот со кубанско потекло за време на претседателот Обама беше заменик-шеф за внатрешна безбедност и раководеше со реализација на програмата ДАЦА, која на т.н. „сонувачи“, како деца илегално донесени во САД, им овозможуваше останување во земјата. Доколку биде потврден неговиот избор, тој би бил прв доселеник и латино кој ќе го води секторот за внатрешна безбедност.
-
Кои се избраниците за новиот кабинет на Џо Бајден?
Џејк Саливан, советник за национална безбедност
Саливан од 2013 до 2014 беше советник на Џо Бајден за национална безбедност, додека тој беше потпретседател. Тој беше и заменик на Хилари Клинтон на функцијата министер за надворешни работи. Подоцна Саливан беше нејзин највисок советник за надворешнополитички прашања за време на нејзината претседателска кандидатура во 2016 година.
-
Кои се избраниците за новиот кабинет на Џо Бајден?
Аврил Хаинс, директор за национално разузнавање
Хаинс беше прва жена заменик директор на ЦИА, во периодот од 2013 до 2015 година. Таа го наследи Ентони Блинкен на позицијата заменик-советник за национална безбедност кога тој во 2015 година замина во Министерството за надворешни работи. Ако се потврди нејзиниот избор, таа ќе биде прва жена која ќе раководи со американските тајни служби.
Автор: Дејвис ВанОпдорп
„Денешната одлука е неопходен чекор за да почнеме со совладување на предизвиците со кои е соочена нашата земја", соопшти тимот на Бајден.
Повеќе на темата:
„Американската демократија е во опасност!”
Нов почеток со Вашингтон
Што ќе биде со Доналд Трамп?
Џо Бајден: Нов претседател, но не и победник над омразата
Трамп пак демонстрира борбеност, иако неговата правна битка досега не дава резултати. Последно беше официјално потврден изборниот резултат во сојузната држава Мичиген, во корист на Бајден. Но, Трамп и натаму одбива да признае изборен пораз на претседателските избори одржани на 3 ноември, тврдејќи дека победата му е „украдена" со масивна измама. Повеќе од 30 тужби поднесени од неговите адвокати веќе се одбиени од судовите.
Регулираниот пренос на власта, транзиција, по одржаните претседателски избори е процес кој во САД е законски одреден од пред 60 години. „Секој прекин, предизвикан при предавањето на владините работи, може како резултати да има штетни последици за безбедноста и доброто на САД и граѓаните", стои во образложението на законот.
-
Светски лидери кои се’ уште не му честитале на Бајден
Рускиот претседател Владимир Путин
Портпаролот на Путин, Дмитри Песков, за новинарите изјави дека Кремљ ќе се воздржи од коментари за победата на Бајден се додека не се решат правните предизвици за изборите и резултатот биде официјален. „Таму претстојат одредени законски процедури, кои ги најави актуелниот претседател, затоа ситуацијата е поинаква, така што сметаме дека е правилно да се чека официјална потврда“.
-
Светски лидери кои се’ уште не му честитале на Бајден
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро
Десничарскиот претседател изјави дека тој ќе биде првиот лидер во светот што ќе му честита на Доналд Трамп. Но, Болсонаро молчи за Бајден. „Мислам дека претседателот чека да се реши ситуацијата околу нерегуларните гласови“, изјави за новинарите потпретседателот Хамилтон Мурао. Болсонаро ќе му честита на Бајден „во вистинско време“ и ќе види што ќе се случи со тужбите на Трамп.
-
Светски лидери кои се’ уште не му честитале на Бајден
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор
Лопез Обрадор изјави дека тој е обврзан со уставот да не му честита на победникот се додека не се разрешат правните спорови, повторувајќи го својот претходен став. „Како може претседател на Мексико да стане судија и да рече:„ Овој кандидат победи“, изјави Обрадор изјави на прес-конференција. Тој кратко го спомена Бајден како „можен новоизбран претседател“, но нагласи дека Мексико не зазема страна.
-
Светски лидери кои се’ уште не му честитале на Бајден
Севернокорејскиот врховен лидер Ким Јонг Ун
Нема рекција на победата на Бајден ниту од Ким. Севернокорејските државни медиуми од понеделник молчат за изборите во САД. Но, Пјонгјанг не спомна ништо нит за победата на Доналд Трамп во 2016 година, ниту два дена по неговиот избор. Во минатото, Ким го нарекуваше Бајден „будала со низок коефициент на интелигенција“. Бајден, во меѓувреме, го опиша Ким како „насилник“.
-
Светски лидери кои се’ уште не му честитале на Бајден
Словенечкиот премиер Јанез Јанша
Лидерот на десничарската и антиимиграциска Словенечка демократска партија, кој предвреме му честиташе на Трамп за победа на изборите, допрва ќе му честита на Бајден. Јанша ги повтори обвинувањата за изборна измама извршена од демократите. Тој сепак објави на Твитер дека Словенија се надева на „пријателски односи“ со Вашингтон.
-
Светски лидери кои се’ уште не му честитале на Бајден
Кинескиот претседател Ши Џинпинг
На 13 ноември, Кина, преку портпаролот на министерството за надворешни работи му ја честиташе победата на Џо Бајден, речиси една недела откако тој беше прогласен за победник на претседателските избори во САД. „Ние го почитуваме изборот на американскиот народ“, рече портпаролот Ванг Венбин. Но, дали Бајден примил непосредна честитка и од кинескиот претседател, Ши Џинпинг досега не е објавено.
Автор: Мелиса Су-Џи Брунерсум