Трамп и опасноста од „агресивните Црногорци“ | Свет | DW | 18.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп и опасноста од „агресивните Црногорци“

Нов бисер на американскиот претседател Доналд Трамп по завршувањето на самитот на НАТО и враќањето од средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки. Овојпат жртва е Црна Гора

Belgien NATO Gipfel Donald Trump Dusko Markovic (picture alliance/AP Photo/M.Dunham)

Трамп и црногорскиот премиер Марковиќ на самитот на НАТО во 2017 година

„Зошто мојот син да оди во Црна Гора да ја брани од напад? Зошто е тоа така?“, го праша модераторот на американската телевизија Фокс њуз Такер Карлсон претседателот Доналд Трамп по враќањето во САД.

„Разбирам што ми кажувате. И јас се прашувам истото“, гласеше првичниот одговор на Трамп, кој деновиве беше предмет на жестоки критики поради изјавите кои ги даваше на самитот на НАТО во Брисел, во Велика Британија, како и по средбата со рускиот претседател Путин во Хелсинки.
Но, Трамп не застана тука.
Најпрво ја оквалификува Црна Гора како „мала земја со многу силен народ...“

За потоа да продолжи со оценка дека народот во Црна Гора е толку агресивен што би можел да предизвика и Трета светска војна.

„Не, видете, тие се многу силен народ. Тие се многу агресивен народ. Тие би можеле да станат агресивни и честитки, ќе се најдеме во Трета светска војна. Го разбирам тоа, но така сето е така устроено“, рече Трамп.

Минатата година, исто така на самит на НАТО, Трамп веќе предизвика еден скандал поврзан со Црна Гора откако грубо го оттурна црногорскиот премиер Душко Марковиќ за да се пробие до првиот ред.

Погледнете повеќе во видеото: 

Гледај видео 00:35

Трамп предупредува од Црна Гора

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама