Трамп и НАТО: Слон во продавница за порцелан | Свет | DW | 26.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп и НАТО: Слон во продавница за порцелан

Западната одбранбена алијанса како друштво за наплата за трошоци за вооружување? Претседателот на САД, Доналд Трамп разбрал навистина малку, смета Бернд Ригерт, дописник на ДВ од Брисел.

На самитот на НАТО американскиот претседател Доналд Трамп се презентираше како дипломатски простак. Задоцни. Го турна црногорскиот премиер на страна, за да застане во првиот ред. Го искористи обраќањето на свечената церемонија, кое беше планирано да биде кратко, за повеќеминутни напади против сојузниците. Трамп бараше имагинарни пари од државите на НАТО, кои не му следуваат нему. Провоцираше, иритираше. Многу шефови на држави или на влади беа шокирани. Дури и самата американска делегација во НАТО не сметаше на тоа дека Трамп уште еднаш ќе изведе нешто сам на своја рака. Прво Америка? Прво Трамп!

Riegert Bernd Kommentarbild App

Бернд Ригерт, автор на коментарот

Сомнително е дека американскиот претседател  се откажа од тоа децидно да се изјасни за солидарност во Алијансата и за помош во случај на одбрана од агресија, како што го направија тоа сите негови претходници. Дали НАТО, западниот воен сојуз, сепак го смета за излишен? Сомнежите во ставот на Трамп се оправдани. Можат ли сојузниците на Истокот навистина да се потпрат на тоа дека САД во случај на руски напад ќе застане на страната на своите сојузници? Сомнежите во сериозноста на САД како најважна заштитничка сила би ја довеле целата Алијанса во несигурност. Руското раководство на чело со Владимир Путин би го радувало тоа. Конечно Трамп придонесува кон дестабилизација на Алијансата. Неговиот став кон Русија и во Брисел за време на самитот на НАТО остана и натаму нејасен.

Во некој сопствен свет

Се разбира дека еден американски претседател може да се обиде, да ја насочи Алијансата во посакувана насока. Тоа меѓутоа е возможно само со разумни предлози и со обид  да се увери со аргументи. Алијансата не е шоу на еден човек. Тоа еден човек со карактерни црти како Доналд Трамп веројатно никогаш нема да го разбере.

Реакцијата на НАТО и на германската канцеларка, која беше испровоцирана од страна на Трамп, беше многу воздржана. Таа се придржува до заклучоците на НАТО за зголемување на воените издатоци, но јавно молчеше за неиздржаните обвинувања на американскиот претседател. По овој мини-самит во Брисел се наметнува прашањето, каков да биде односот со популистот во Белата куќа? На работно ниво во НАТО е пронајден одговор на ова прашање: едноставно да се игнорира. Во пракса Алијансата  и натаму ги спроведува своите заклучоци дури и со помош на американските службеници и дипломати на лице место. Чудниот претседател со своите искривени погледи очигледно живее во сопствен свет, додека реалноста изгледа поинаку.

 

DW.COM

Реклама