Трамп го разголи корумпираниот политички систем во САД | Свет | DW | 05.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп го разголи корумпираниот политички систем во САД

Републиканците не успеаја да најдат начин да ги сопрат лапсусите на својот претседателски кандидат Доналд Трамп. Самата партија ја создаде атмосферата во која тој сега оперира, смета Инес Пол

Колку повеќе се времињата збунувачки, препораката секогаш е да се подзастане барем за момент. На пример, на почетокот на изборната година. Во тој период беше се уште отворено прашање кој ќе биде номиниран за претседателски кандидат од двете големи партии. Повеќето сметаа дека Џеб Буш кај Републиканците и Хилари Клинтон кај Демократите се главни фаворити.
Не многу демократски, но се чинеше дека само членовите на двете политички династии- Буш и Клинтон- имаат шанса да стигнат до оваа функција.

Но, на помалку од 100 дена до изборите, сѐ се промени. Хилари Клинтон навистина беше избрана за кандидат на Демократите. Но таа мораше жестоко да се бори за номинацијата и успеа да избори убедлива победа над Берни Сандерс само поради пристрасноста на раководството на Демократската партија.

Републиканците очигледно не беа толку внимателни и не успеаја да најдат стратегија за да се одбранат од аутсајдерот Трамп. Намаесто тоа, Џеб Буш и сите останати познати партиски имиња на крајот му го расчистија патот на Трамп за номинацијата.

USA Vorwahlen Republikaner Ausstieg Jeb Bush

Џеб Буш беше надеж на Републиканците

Адутите на Трамп

Трамп победи со два силни адути од кои нема да се откаже ни за изборите на 8 ноември. Неговиот најсилен адут е неговиот статус на аутсајдер. Неговиот аргумент е дека тој нема ништо заедничко со политичкиот систем, ниту со структурите на двете големи партии. Поради тоа, ужива кредибилитет кај многу Американци кои се убедени дека естаблишментот е ексклузивен клуб на политичари кои си ги менуваат функциите.

Вториот адут на Трамп е ветувањето дека повторно ќе ја направи Америка „голема“. Во тој поглед, многу негови аргументи се расистички, ксенофобични и против интересите на жените. Но има и нешто повеќе од тоа: шанса дека со Трамп како претседател конечно земјата ќе добие претседател ориентиран кон резултати, а не како во минатите години, кон превенција. За тоа се виновни самите Републиканци. Токму нивната тактика на блокада и одложување ја спречи администрацијата на Обама да си ја заврши работата.

Гледај видео 00:38
Now live
00:38 минути

Трамп и официјално претседателски кандидат

Корумпиран политички систем

Меѓу овие два адути Трамп успеа да изгради солидна заштитна мрежа за својата кампања. Кога познати партиски лидери како Пол Рајан го напаѓаат, или кога Мег Витман одлучи да ја поддржи Клинтон- за многу поддржувачи на Трамп тоа е само уште еден доказ за поврзаноста на политичките елити и корумпираноста на целиот систем.

Доналд Трамп е можен само затоа што има трошка вистина во таквите критики. Дури и кога тој профитира од таквата порака, таа сепак е точна. Политичкото лидерство на земјата, честопати опишувана како најдобрата демократија, го загуби контактот со народот. Неспособноста на двете големи партии да најдат политичко решение, и губењето на нивниот кредибилитет последниве години преку кажувањето лаги, ги отворија вратите за популист како Трамп.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама