Трамп го покани Путин во Вашингтон | Свет | DW | 20.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп го покани Путин во Вашингтон

По неговата средба со Владимир Путин во Хелсинки, имаше многу критики. Сепак, или можеби токму поради тоа, американскиот претседател Доналд Трамп сака да се сретне со рускиот претседател во Вашингтон оваа есен.

Возбудата околу состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки сè уште не е завршена, а Трамп веќе им дава нова храна на своите критичари: неговата портпаролката Сара Сандерс на Твитер, напиша дека Трамп му наложил на советникот за национална безбедност, Џон Болтон, да ја подготви посетата на Путин на Вашингтон на есен. Самиот Трамп претходно преку Твитер порача дека се надева на втор состанок на кој ќе се дискутира за „спречување на тероризмот, безбедноста за Израел, пролиферацијата на нуклеарното оружје, сајбер-нападите, трговијата, Украина, мирот на Блискиот Исток, Северна Кореја и многу повеќе".

Американскиот координатор за разузнувачките служби, Ден Коутс беше изненаден од плановите: „Не знаев ништо за тоа“, изјави тој за време на една манифестација во Колорадо. Коутс по состанокот на Трамп и Путин во Хелсинки ја повтори проценката на американските разузнавачки служби за вмешаноста на Русија во американската предизборна кампања во 2016 година и предупреди на „постојано присутни напори на Москва за инфилтрирање на американската демократија".

Со денови Трамп е цел на критики како од редовите на демократите така и на републиканците поради неговите контрадикторни изјави за руското мешање во предизборната кампања на САД. Тој првично рече дека не ја гледа Русија како одговорна за сајбер-нападите во предизборната кампања, и на тој начин се спротивстави на наодите на неговите разузнавачки служби. Кога дури и блиски сојузници заземаа позиција против него, тој го повлече ваквиот став.

Путин последен пат беше во посета на  САД во 2005 година, на покана на тогашниот претседател Џорџ Буш помладиот.

DW.COM

Реклама