Трамп го менува ставот за маските? | Свет | DW | 21.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп го менува ставот за маските?

Со месеци, американскиот претседател се дистанцираше од маските како средство за борба против пандемијата на коронавирусот. За Доналд Трамп сега носењето заштитна маска е дури и некако „патриотски“.

„Ние сме обединети во нашите напори да го победиме невидливиот вирус на Кина и многу луѓе велат дека е патриотски да носите маска ако не можете физички да се дистанцирате “, напиша Доналд Трамп на Твитер- додавајќи: „Нема никој кој е попатриот од мене, вашиот омилен претседател! “

Со овој твитот, Трамп ги ревидираше претходните изјави во кои ги отфрлаше заштитните маски како симболи на слабост. Сепак, неговата кратка порака остана далеку од тоа да биде јасна поддршка за засилените барања во САД за воведување на обврска за носење на маска во јавноста на сојузно ниво.

Со повторниот раст на бројот на инфекции со коронавирусот во неколку сојузни држави Трамп, кој се бори за реизбор на 3 ноември, е доведен под силен притисок. За разлика од него, неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден со месеци носи маска во јавноста .

„Многу добар начин“ за изнесување позитивни вести

По растечките критики за неговиот кризен менаџмент, Трамп исто така планира да ги обнови своите редовни пресконференции за состојбата со Ковид-19 во САД - почнувајќи од денеска. Редовните брифинзи се „многу добар начин“ за изнесување на позитивни вести во јавноста, рече тој во Вашингтон. Во иднина, фокусот првенствено треба да биде на напредокот во потрагата по вакцина и на лекови за третман на Ковид-19.

Повеќе:

-САД: Погубна кавга околу носењето заштитна маска

-Трамп: Човекот Анти-маска

-Трамп не сака да се „маскира“

До крајот на април, Трамп со недели речиси секојдневно учествуваше на  пресконференциите на работната група  за коронавирусот на Белата куќа. Неговите настапи понекогаш траејаподолго од два часа. Некои негови изјави на овие пресконференции му донесоа критики на претседателот - на пример, изјавата дадено во април дали вбризгувањето со средства за дезинфекција може да помогне во борбата против вирусот.

Повторно преку 60 илјади нови случаи

Инаку во САД седми ден по ред беа регистрирани над 60.000 заразени со коронавирусот. Како што соопшти доцна синоќа американскиот Универзитет Џонс Хопкинс, кој секој ден го пренесува билансот на заразени и починати во последните 24 часа во САД се заразени 61.288, а починале 448 лица, додека од почетокот на епидемијата се заразени 3,82 милиони, а од инфекцијата починале 140.922 Американци, наведува универзитетот.
САД кои се најпогодената земја во светот со коронавирусот, веќе седум дена по ред имаат над 60.000 новоинфицирани дневно, а минатиот петок регистирани се 77.638 заразени.Епидемијата особено се шири на југот и на западот од САД. Најпогодени сојузни држави се Калифорнија и Флорида.

Реклама