Трамп го зголемува притисокот врз Кина | Економија | DW | 06.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Трамп го зголемува притисокот врз Кина

Во трговскиот спор со Кина американскиот претседател Трамп најави зголемување на царините за увоз од актуелните десет на 25 проценти. Преговорите за трговски договор му траеле предолго.

„Повторно сме среде трговска војна" е коментарот на еден трговц со акции од изутринава. Проценката на Томас Алтман од компанијата Кју Си Партнерс особено наидува на одобрение на берзите во Азија. Во Шангај берзанскиот индекс падна за речиси 5,6 проценти што е најголем дневен пад од февруари 2016.
Индексот Шензен Композит падна за 5,8 проценти, а Ханг Сенг во Хонг Конг за 2,9 проценти. Во Франкфурт не беше ништо подобра ситуацијата со Дакс индексот, само неколку минути по отворањето на тргувањето на берзата минусот беше 1,7 проценти.


Преговорите за постигнување трговски договор му се одвивале многу бавно, пиша Доналд Трамп на Твитер како образложение за новите царини. Кина се обидувала да одолговлекува, а тој тоа немало да го дозволи. Тој во изминатите недели повеќе пати го пофали текот на преговорите со Пекинг за можен трговски договор. Пресвртот затоа дојде неочекувано. Пред само неколку недели во Пекинг се одржа нова рунда преговори кои требаше да бидат продолжени неделава во Вашингтон. Дали тоа ќе се случи, сега веќе е неизвесно бидејќи Кина со оглед на новите казнени царини размислува за прекин на преговорите со САД. Кон средината на неделата кинескиот вицепремиер и главен преговарач Лиу Хе требаше да допатува во Вашингтон со 100 члена делегација. Тоа било „мошне неверојатно", пиша главниот уредник на весникот „Глобал тајмс” чиј издавач е владеачката Комунистичка партија.

„Малку веројатно” е да има нова рунда преговори

Официјалниот став на Пекинг е дека кинеската страна работи на тоа да ја сфати ситуацијата, изјави портпарол на министерството за надворешни работи во понеделникот. Сепак кинескиот преговарачки тим се подготвувал "да отпатува во САД за преговори". Портпаролот не прецизираше дали во патувањето ќе учествува и главниот преговарач Лиу Хе.
„Трамп буквално ја пукна тиквата", оценува аналитичарот Џефри Хели од финансиската куќа Оанда во Сингапур. Цената на нафтата на почетокот на неделата паднала за повеќе од 2 проценти, додека пак кинеската валута Јуан за еден процент во однос на доларот.

Повеќе:

-Нова рунда трговски покер меѓу САД и Кина

-Економските џинови Кина и САД преговараат за трговијата

Потпретседателот на американско-кинескиот Бизнис Совет, Џејкоб Паркер вели:  „Тоа се многу реални и специфични негативни последици кои ќе влијаат на американската индустрија и ние сме многу загрижени за новата објава и можноста да се прекинат преговорите."
Амриканскиот претседател пред десет месеци воведе казнени царини од десет проценти за увози на одредени производи од Кина чиј што волумен изнесуваше 200 милијарди долари и најави можно зголемување на 25 проценти. Минатиот декември двете страни на маргините на самитот на Г20 во Буенос Аирес се договорија на привремен прекин на трговската војна и отпочнување на преговори.
За дополнителен увоз чиј што волумен изнесува 50 милијарди долари веќе има царини од 25 проенти. Увоз на друга стока во вредност од повеќе стотици милијарди долари се спасија од специјалните царини. Но, тоа според Трамп наскоро ќе се променело. Кина увезува помалку производи од САД отколку обратно. Казнените царини во таа смисла се ограничени.

Подобар пристап до пазарот, подобра заштита

Причина за трговската војна е барањето на владата во Вашингтон Пекинг да дозволи поголема пенетрација за американски производи на кинескиот пазар. САД на тој начин сакаат да постигнат намалување на трговскиот дефицит и подобра заштита против пиратеријата и присилниот технолошки трансфер за америкаснки компании кои имаат бизниси во Кина. Конфликтот со месеци ја оптоварува светската конјунктура. Претседателот на реномираниот институт Петерсон за економско истражување во Вашингтон, Адам Поузен го критикува последниот потег на Трамп. „Мерките на Трамп нема да постигнат ништо, ниту пак ќе го зголемат трговскиот раст на САД или процентот на вработеност", вели тој за весникот „Ди Велт". „Наместо тоа американските домаќинства ќе бидат квази обврзани да плаќаат даноци."
Зад тоа тврдење е фактот дека американските компании преку кои се одвиваат повеќето увози на кинески производи во САД повисоките царини ќе ги надоместат со повисоки цени за крајниот корисник. Па така на пример цените за машини за перење во САД за една година се зголемија за 12 проценти. Тоа го покажа истражување на американскиот конгрес во февруари годинава. Американскиот производител на трактори Дири според сопствени извори годинава смета со покачени трошоци од 100 милиони долари за суровини како последица на казнените царини. Компанијата затоа сака да ги намали трошоците и да ги зголеми цените. За американскиот буџет царините и де факто се дополнителен извор на приходи кои во октомври 2018 во споредба со истиот период претходната година биле зголемени за околу 40 проценти на 5,5 милијарди долари, известува весникот "Њујорк Тајмс".


 

DW.COM

Реклама