Трамп во контранапад против ФБИ | Свет | DW | 21.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп во контранапад против ФБИ

Американскиот претседател сака официјално да провери дали федералната полиција од политички причини се „инфилтрирала“ во неговиот тим во изборната кампања за претседателските избори во САД во 2016 година.

Доналд Трамп вчера преку социјалната мрежа Твитер порача дека денеска и „официјално“ ќе наложи соодветна истрага. „Барам, а официјално ќе го сторам тоа утре наутро, министерството за правда да истражи дали ФБИ се инфилтрирал или ја следел кампањата на Трамп за политички цели - и дали таквите барања и инструкции ги направиле лица во администрацијата на Обама“, рече американскиот претседател.

Трамп веќе во петокот го постави прашањето дали ФБИ инфилтрирал доушник во неговиот тим за кампањата за претседателските избори во 2016 или можеби го регрутирал таму. Досега тој не изнесе какви било докази за тоа. Американските медиуми објавија дека федералната полиција во јули 2016 година ангажирала американски научник да стапи во контакт со советниците на Трамп.  
Повеќе:

Коми го опишува Трамп како „мафијашки бос“

-Руската афера на Трамп драматично се заостри

-САД: Први обвиненија за аферата со Русија и изборите

FBI Drohneneinsatz Robert Mueller Senatsauschuss (Getty Images)

Роберт Милер

Според информации на весникот „Њујорк тајмс“, ФБИ наводно бил во потрага по докази дека поранешните советници на Трамп, Картер Пејџ, Сем Кловис и Џорџ Пападопулос, би можеле да имаат сомнителни контакти со Русија. Весникот „Вашингтон пост“ во овој контекст говори за „долгогодишен американски разузнувачки извор“.

„Поголем од Вотергејт"

Доколку владата на неговиот претходник Барак Обама ја наредила оваа инфилтрација, скандалот ќе биде „поголем од Вотергејт“, напиша Трамп на Твитер пред неколку дена алудирајќи притоа на истоимената афера во 1974 година,во која тогашниот републикански претседател Ричард Никсон мораше да поднесе оставка поради неовластено прислушување на припадници на Демократската партија.

Со неговите најнови напади, Трамп го засили постапувањето против Роберт Милер. Специјалниот истражител на ФБИ го истражува можното влијание на Русија врз претседателската кампања во САД во 2016 година и дали тимот на Трамп соработувал со претставници на руската влада. Русија и Трамп отсекогаш ги отфрлаа ваквите обвинувања.

DW.COM

Реклама