Трамп „во живо“ во музеј во Берлин | Панорама | DW | 18.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Трамп „во живо“ во музеј во Берлин

Необичен перформанс во кој во главната улога е Доналд Трамп во берлинскиот музеј Мадам Тисо може да се види до крајот на август.

Американскиот претседател танцува на музика и удира во боксерска вреќа со слика на Ангела Меркел. Сето ова „во живо“ може да се види во берлинскиот музеј Мадам Тисо. Станува збор за костимиран перформанс во кој Доналд Трамп го игра актер со силиконска маска.

Гледај видео 01:03

Трамп перформанс во Берлин

На маската работеа 9 специјалисти во период од 2 месеца. Периката, пак,  е направена од вистинска коса. Перформансот трае 4 минути а покрај танцувањето и боксувањето актерот покажува 5 типични геста на Трамп.

Нина Цербе, портпаролка на музејот на Мадам Тисо во Берлин, истакнува дека публиката, го гледа нивниот Трамп со хумор, сака да се фотографира со него, но не го гледа со одвратност.

„Ова го забележавме пред речиси една година, кога поставивме негова восочна фигура. Ова не е карактер кон кој тие се однесуваат негативно или сакаат да го оштетат“, вели Цербе. Перформансот Трамп може да се погледа во музејот Берлин до крајот на август.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама