Трамп бара сојузници во Азија | Свет | DW | 01.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп бара сојузници во Азија

Американскиот претседател води интензивни телефонски разговори, во потрага по сојузници во конфликтот со Северна Кореја околу нејзината атомска и ракетна програма. Трамп го покани филипинскиот претседател Дутерте.

Доналд Трамп, со оглед на тензиите околу Корејскиот Полуостров, не исклучува напад врз комунистичкиот режим во Пјонгјанг. Американскиот претседател засега се обидува да привлече што повеќе земји на своја страна. За таа цел тој телефонирал со премиерите во Тајланд и Сингапур, Прајут Чан-о-ча и Ли Хсиен Лонг. Станало збор за наоѓање можности да се засили економскиот и дипломатскиот притисок врз раководството во Пјонгјанг. Двајцатра шефови на влади се поканети во САД.

„Опасност од нуклеарна катастрофа“

Повод за разговорите е опасноста од „нуклеарно и масивно уништување на Азија“, а крајно и на САД, соопшти шефот на кабинетиот на Белата куќа, Рајнс Прибус, истакнувајќи дека моментноСАД и регионот од ништо не се толку загрозени, колку од случувањата во Северна Кореја. Прибус дополни дека Трамп е во постојани контакти со јапонскиот премиер Шинзо Абе и во тесни врски со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Пријателски разговор со Дутерте

Доналд Трамп вчера телефонирал и со спорниот филипински претседател Родриго Дутерте, кого исто така го поканил во Вашингтон. Разговорт меѓу нив бил „многу пријателски“, соопшти Белата куќа. Тема била заканата што произлегува од Северна Кореја и билатералните односи. Во времето на претходникот на Трамп, Барак Обама, односите меѓу двете земји беа затегнати, откако Дутерте во септември грубо го навреди Обама, по што тој ја откажа претходно договорената средба. Обама го критикуваше Дутерте поради бруталниот однос на неговата влада во нарко-сцената.

Севернокорејскиот властродржец Ким Јонг Ун во саботата повторно предизвика провокација, со тестирање ракета со среден дострел, која меѓутоа, според американски сознанија, експлодирала кратко по стартот. Кинеската влада, единствениот сојузник на изолираната земја, ги предупреди Северна Кореја и САД да не дозволат ескалација на конфликтот.  

 

DW.COM

Реклама