Трагедијата во Ласкарци на пат кон судска разврска | Македонија | DW | 14.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Трагедијата во Ласкарци на пат кон судска разврска

Македонската полиција го уапси сопственикот на фирмата Дурмо турс, возачот на автобусот кој се преврте и уште пет лица под сомневање дека се одговорни за сообраќајната несреќа во која загинаа 15 патници.

Обвинителот Сашо Рајчев денеска на пресконференцијата во Скопје истакна дека досега е утврдено дека главни причини за автобуската несреќа кај селото Ласкарци биле големата брзина и неисправните соприрачки, кои биле евидентирани при техничката контрола, но не и поправени.

Според обвинителството, вештачењето покажало дека возачот возел со брзина од 99 километри на час, а била дозволени 80 километри на час, и оти го имал активирано уредот за манипулација на тахографот за да не се покаже вистинската брзина. Поради недозволената брзина и неисправните кочници автобусот преминал на другата лента од автопатот ја пробил оградата о на крајот паднал на стариот пат кој минува паралелно со автопатот, истакна Рајчев и додаде оти е утврдено дека возачот не користел мобилен телефон за време на несреќата.

Повеќе:

-Македонија тагува за 14 загубени животи

-Автобуси на смртта демнат зад секој агол

-Тешка сообраќајна несреќа однесе во смрт 13 луѓе

Покрај сопственикот на компанијата за автобуски превоз од Гостивар, Дурмуш Белули и возачот на автобусот кој се преврте на 13 февруари, приведени се и управникот на фирмата и четири работници задолжени за техничкиот преглед, кои бил извршен во сервис во Гостивар, чиј сопственик исто така е Белули.

Техничка контрола на автобусот била извршена во јули и во декември минатата година, но и покрај тоа што се утврдени недостатоци на кочниците издаден е документ за техничка исправност на автобусот, соопшто обвинителството сополнувајќи дека бил инсталиран и „уред за манипулирање на брзината“.  Скопското обвинителство за шест од седумте приведени, меѓу нив и сопственикот на Дурмо турс, побара притвор. Тие се сомничат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Несреќата се случи на 13 февруари кога полниот автобус на Дурмо турс се преврте кај Ласкарци и во неа загинаа 15 луѓе а 39 беа повредени.

 

DW.COM

Реклама