Топење на мразот? | Свет | DW | 11.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Топење на мразот?

За првпат по речиси седум години еден кинески премиер патува во посета на Јапонија. Вен Жибао од денеска па се до петок ќе се обиде во разговорите во Токио со својот јапонски колега по функција Шинзо Абе треба да се погрижи да биде растопен мразот во односите меѓу двете азиски суперсили.

Кинескиот премиер Вен Жибао

Кинескиот премиер Вен Жибао

Не така одамна тие односи беа доведени на најниско ниво гледано во векови наназад.

Поминаа речиси три години , откако кинеските демонстранти во слеп уништувачки гнев , фрлаа камења врз јапонската амбасада , ги нуштуваа јапонските бизнис претставништа и демонстрираа на улицците :

Долу со Јапонија , Да живее Кина .

Викаа тогаш кинеските демонстранти исполнети со омраза. Причина за антијапонските масовни протести , тогаш беа јапонските училишни книги , кои ја намалуваа тежината на злосторствата на јапонските трупи во кина за време на Втората Светска Војна . Во 1931 година јапонските војници ја освоија Манџурија и од таму за почнаа со брутална окоупација . 100 илјади луѓе беа убиени , жените брутално злоставувани. Оваа историја ги оптоварува кинеско-јапонските односи и денес како и порано. Дополнителни проблеми создаваа и редовните посети на доскорешниот јапонски премиер Јуничиро Коизуми на храмот Јазакуни , во која покрај другите загинати јапонски војници се погребани и 14 лица кои Кина ги смета за воени злосторници . Поради тоа посетите Пекингт ги сметаше за големи провокации.

Новиот јапонски премиер Шинзо Абе по стапувањето на гункцијата истакна дека ќе се откаже од ваквите посети. Само ако Абе го одржи зборот , јапонско-кинеските односи вистински ќе се релаксираат – објаснува експертот за Јапонија во Народниот универзитет во Пекинг Ши Јингхонг.

“ Најголемата пречка меѓу двете земји како и порано е дали јапонскиот премиер Шинзо ќе се

Кинескиот премиер Вен, пред неговата посета на Јапонија , уште еднаш го повика својот колега по функција да не оди во посета на храмот”

Но историските рани не се единствените пречки кои ги разделуваат двете азиски земји. И сегашноста истотака нуди материјал за анимозитет. Јапонија порано беше земја економско чудо на Азија . Меѓутоа денес Кина се заканува да и го преземе овој примат на земјата на изгрејсонцето.

Покрај тоа двете земји подолго време имаат тешки препирки околу екплоатацијата на наоѓалиштата на гас во источно кинеското море. Двете земји полагаат право на нив:

“Спорното прашање околу наоѓалиштата на гас во источнокинеското море најсеопфатната и најконкретна точка, Тука станува збор за полагање право на територија и на економски интереси. Токму затоа околу оваа точка постојат толку големи разлики”- смета Жо Јонгшенг- експерт за јапонија во Институтот за надворешни односи од Пекинг.

За време на посетатат на кинескиот премиер Вен Жибао на Јапонија , двете страни ќе напарават обид да усвојат заеднички документ за меѓусебно разбирање. Овој документ треба да покаже , дека односите меѓу двете земји се релаксираат и се движат во вистинска насока. Но претстои долг пат пред сите непрјателства бидсат отстранети и пред Јапонија и Кина да станат добри пријатели :

“ Има стара кинеска поговорка која вели: Блок мраз од еден метар не се топи преку ноќ . Дури и ако посетата на кинескиот премиер Вен Жибао на Јапонија има големао значење , сепак со неа нема да бидат решени сите спорни прашања. Ако за време на посетатат односите се затоплат и владаа добра атмосфера , тогаш тоа веќе ќе биде еден голем чекор напред”

Реклама