Тигри и лавови на улиците на Тбилиси
Тигри, лавови, мечки, нилски коњ и други животни излегоа од кафезите во зоолошката градина во грузискиот главен град Тбилиси, откако големо невреме ги уништи оградите. Во невремето животот го загубија најмалку 10 лица.
Во бегство
Зоолошката градина е во најголем дел уништена. Најмалку шест тигри, осум мечки и шест лавови побегнале од своите кафези.
Смрт и уништување
Најмалку десет лица го загубија животот во поплавите, меѓу нив и двајца вработени во Зоолошката градина. Не е познато колку лица се исчезнати. До жителите на Тбилиси е упатен апел да не ги напуштаат своите домови, со оглед на тоа што не е јасно уште колку животни талкаат по улиците на градот.
Пронаоѓање и успивање
Од безбедносни причини припадниците на специјалните единици на Грузија и полицијата убија неколку волци и други животни. Дел од животните се успиваат и се враќаат во Зоолошката градина.
На прозорецот има мечка
Кога водата го поплави Тбилиси и уништуваше се‘ пред себе, од Зоолошката градина избегаа и мечки. Дел од нив се фатени, дел се‘ уште се на отворено. Хеликоптери кружат постојано во потрага по избеганите диви животни.