Тејлор се појави на суд | Вести | DW | 03.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Тејлор се појави на суд

*

Поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор денеска неочекувано се појави во Специјалниот меѓународен суд во Хаг каде одговара за злосторствата извршени во Сиера Леоне. Тејлор кој го бојкотираше судот од почетокот на судењето во јуни влезе во судницата на крајот кога се читаше пресудата. Донесена е одлука процесот да продолжи на 20 август кога ќе се разгледуваат жалбите на Тејлор. Поранешниот либериски претседател е обвинет дека поттикнувал убиства, силувања и осакатувања на населението на Сиера Леоне за да дојде до дијаманти со кои обилува земјата. Твдри дека е невин.