Тешки мозочни оштетувања се можни дури и при лесни корона-симптоми | Свет | DW | 10.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тешки мозочни оштетувања се можни дури и при лесни корона-симптоми

Британски невролози сметаат дека САРС-Ков-2 може да предизвика тешки оштетувања на мозокот и централниот нервен систем кои предизвикиваат психози, парализа и мозочни удари и честопати се откриваат предоцна.

Во меѓувреме има многу индикации дека новиот коронавирус САРС-КоВ-2 ги напаѓа не само белите дробови и дишните патишта, туку и други органи и може да предизвика тешки оштетувања на срцето, крвните садови, нервите, бубрезите и кожата. 

Британски невролози сега во списанието „Брејн“ објавија шокантни детали, според кои САРС-КоВ-2 дури и кај пациенти со лесни симптоми или веќе оздравени, може да предизвика тешко мозочни оштетувања. Честопати тие оштетувања се откриваат предоцна или воопшто не се откриваат.

Невролозите од Универзитетскиот колеџ Лондон кај повеќе од 40 САРС-КоВ-2-пациенти дијагностицирале акутен дисеминиран енцефаломиелитис (АДЕМ). Кај ова воспалително заболување доаѓа до дегенеративно уништување на централниот нервен систем, кое го погаѓа миелинот на нервите во мозокот и ’рбетниот мозок.

Повеќе:

ЕК даде условена дозвола за ремдесивирот

Дексаметазон- пресврт во лекувањето на заболените од Ковид-19?

Коронавирус: постигнувањето групен имунитет ќе предизвика многу жртви

Различни оштетувања

Од проучуваните пациенти, 12 страдале од воспаление на централниот нервен систем, 10 од привремена енцефалопатија со делириум или психоза, 8 од мозочни удари и други 8 од проблеми со периферните нерви, најчесто со дијагноза Гилен-Баре-синдром. Тоа е имунолошка реакција која ги напаѓа нервите и предизвикува парализи и во 5% од случаите може да заврши со смрт. Од вакви компликации починала 59-годишна жена.

„Начинот на којшто Ковид-19 го напаѓа мозокот досега го немаме видено кај други вируси“, вели д-р Мајкл Занди, раководител на групата автори на студијата и советник во болницата на Универзитетскиот колеџ Лондон. Невообичаени се пред се’ тешките општетувања на мозокот дури и кај пациенти со лесни симптоми.

Brasilien Massengräber und Krankenhäuser| Krankenhaus in Rio de Janeiro (picture-alliance/AP Photo/L. Correa)

Ковид-19 кај некои пациенти предизвикува долгорочни здравствени проблеми

Оштетувањата честопати не се препознаваат

Сега објавените податоци за ваквите случаи ги потврдуваат стравувањата дека Ковид-19 кај некои пациенти предизвикува долгорочни здравствени проблеми. Многу пациенти се без доволно здив и се уморни долго по оздравувањето. Други оздравени пациенти имаат проблеми со помнењето или отрпнатост.

„Биолошки погледнато, АДЕМ има извесни сличности со мултиплекс склерозата, но таа има потежок тек и, по правило, се појавува само еднаш. Кај некои пациенти останува долгорочна попреченост, други пак добро се опоравуваат“, нагласува Занди.

Целиот спектар на мозочни заболувања и доцни последици сега веројатно не може да се согледа поради тоа што пациентите во болниците се премногу болни за да одат на скенирање на мозокот или други испитувања, вели Занди.

„Сакаме да им укажеме на медицинарите од цел свет на ваквите компликации од коронавирусот“, нагласува Занди. Лекарите и медицинскиот персонал би требало во секој случај да консултираат невролози кај пациентите со когнитивни симптоми, проблеми со помнењето, замор, проблеми со трпнење или слабост.

Шокантни случаи

Објавени се и трогателни судбини на одделни пациенти, како на една 47-годишна жена која по една недела кашлање и треска, наеднаш добила главоболки и чувство на трпнење во десната рака. Во болница станала многу уморна и веќе не реагирала. При итната операција морало да и’ се извади дел од черепот за да се намали притисокот врз отечениот мозок.

Друга пациентка на 55-годишна возраст, без психички болести претходно, еден ден по отпуштањето од болница почнала да се однесува чудно. Постојано го влечела сопругот и почнала да халуцинира, гледала мајмуни и лавови во својот дом. Откако повтрно била хопситализирана, добила лекови против психоза.

USA Grippewelle Spanische Grippe (picture-alliance/National Museum of Health and Medicine)

Според СЗО, од Шпански грип починале помеѓу 20 и 50 милиони луѓе ширум светот

Илјадници луѓе со мозочни оштетувања имало и по Шпанскиот грип

Британските невролози стравуваат дека Ковид-19 кај некои пациенти може да остави суптилни мозочни оштетувања кои би станале забележливи дури во годините по прележување на болеста. Слични последици, според студијата, имало и по Шпанскиот грип во 1918 година, кога веројатно околу еден милион луѓе претрпеле мозочни оштетувања.

„Се разбира, се надеваме дека такво нешто нема да се случи, но кога се има работа со голема пандемија, која погаѓа голем дел од населението, мора да бидеме будни“, нагласува д-р Мајкл Занди од Институтот за неврологија при Универзитетскиот колеџ Лондон.

Реклама