Тешка реа ја задушува Македонија | Северна Македонија | DW | 02.10.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Тешка реа ја задушува Македонија

Хамлет предупредува: Ставете гас-маски, допрва ќе смрди! Кој сака избори, а кој бега од нив? Како СЈО да обезбеди сведочења, кога е тоа опасно по живот? Како се замразија змијата и магарето? Колумна на Зоран Јордановски

Граѓаните на Македонија не дишат чист воздух. Притоа не мислам на предупредувањата на екологистите, туку на онаа тешка реа која се навлекла врз земјата (како еколошката загаденост да не е доволна сама по себе). Смрди, не од легалните, уште повеќе од дивите депонии, туку од центрите на политичка моќ. Човек не мора да биде Хамлет за да го насети гнилежот во државата. Смрадот протече од секоја од бомбите, реата ја шират и згуснуваат сите меѓусебни префрлувања на власта и опозицијата за сторен криминал. Со наближувањето на датумот за предвремени избори може да се очекува обострано засилено изнесување на виделина „валкани алишта“ на политичкиот противник, од кои ќе се интензивира смрадот. Затоа, прочепкајте низ зафрлените работи на таван или во визба. Ако имате среќа, можеби ќе налетате и на некоја гас-маска, останата од времето кога бевме СВОЗ („Сите во одбрана и заштита“). Како ќе паѓаат маските од лицата на естаблишментот - првенствено во политиката, но и во правосудството, медиумите, а и од лицата на „успешни“ стопанственици - така ќе бидат се` понеопходни гас-маските за заштита од неподносливата реа во општеството. На крајот може да остане да виси во воздух прашањето – има ли воопшто таму некој со чист задник?

Jordanovski Zoran Kommentarbild App

Зоран Јордановски


Штокреираатмозоците“соаминодпарламентот?

Во долгата редица од датуми со посебно значење за Македонија, барем за нејзината понова историја, треба да се вброи и 11. декември. Ако доживее да стане. Оти, до изборите, кои, како што е замислено од нивните договарачи, треба да го означат крајот на исцрпувачки долгата криза во Македонија, има уште многу мини на патот. И уште еден датум, кој може се` да сврти на глава. На 60 денови пред договорениот термин за предвремени избори треба да се самораспушти македонскиот парламент. Што се` може да очекуваме во овие 8 дена од страна на парламентарното мнозинство? Пратениците на владеачките партии (всушност оние неколку „мозоци“ надвор од нивните глави, кои смислуваат се` и се грижат за се`) несомнено и досега беа креативни во законодавните иницијативи и ефикасни во нивното усвојување. Форсирано усвојување на буџетот на државата во нареднава недела е една од работите кои можат да се предвидат. Какви други стапици ќе постават? Решението е во нивни раце, уште повеќе ако се точни проценките дека власта веќе нема сигурно мнозинство во Уставниот суд за да го торпедира Специјалното јавно обвинителство и затоа досега највисоката судска инстанца во земјата избегнува да се изјасни за уставноста на правосудната институција која ги остава без сон сите актери од снимките наречени „бомби“. Инаку тоа, прилично очигледно, било чувано да уследи по распуштањето на парламентот, како последна легална можност за спречување на нивно судско гонење (по недоличната постапка на шефот на државата со аболицијата и нејзиното повлекување). Така би се создала конфузија и правна невозможност за негово ново формирање во рок од пет дена – како што е содржано во договорените услови за вонредните избори. Во наредниве денови, значи, ќе се види кој навистина сака да има избори, а кој бега од нив.


НаСЈОмуепотребнаподршкапосилнаодотпорите

Per aspera аd astra во македонски услови може да се преведе и дека е трнлив патот не само до ѕвездите, односно славата, туку и до правдата. СЈО си ја врши работата за која е формирано и покрај сите енормни пречки што му се подметнуваат и субверзии на секој чекор на патот кон правдата, кон правна разврска и расчистување на сомневањата за тежок криминал и корупција во Македонија. Центрите од каде се минира работата на СЈО се јасно лоцирани, на оние од правосудството укажа и челникот на тоа обвинителство Катица Јанева. Тие центри, впрочем, тоа го прават сосем неприкриено. И, некако добивам впечаток дека тие се многу поконсеквентни и поенергични отколку силите што ја подржуваат Јанева и нејзиниот тим. Зошто опозицискиот СДСМ дури сега со поведување конкретна законска иницијатива ги подржа нејзините одамна поднесени барања за законско регулирање на положбата на заштитените сведоци? Случајот со несреќникот Коста Крпач покажа што може да им се случи на луѓе чии искази би биле клучни во судското процесирање на сомневањата за криминални поведенија на луѓе од врвовите на власта. И ако е самоубиство, последните сознанија за неговата улога во досегашната истрага на СЈО фрла нова светлина врз трагичната судбина на Крпач. Кој во ваква ситуација би се осмелил да сведочи против бескрупулозни моќници пред една Јустиција чија терезија силно натежнува на една страна и да си го доведе дури и животот во опасност?
На Јанева и нејзиниот тим им е потребна подршка која ќе е посилна од отпорите со кои се соочени и се борат. Во анкетите на јавното мислење очигледно тие уживаат голем углед. Зошто тогаш таа тивка подршка не беше масовно искажана на понеделничкиот протест? Граѓаните со  недели и месеци скандираа дека „Нема правда, нема мир“. Ако СЈО се бори за правда, тогаш нивната подршка му е потребна сега, оти кога еднаш ќе се затркала снежната топка од врвот на ридот, веќе не ѝ треба никој за да ја турка. 


Колкутраељубовтакогазмијаљубимагаре“?

Деновиве водечката телевизија во Македонија ја разјасни оваа дилема: до првата „кривина“. Кога ќе биде загрозен интересот на едната страна, одеднаш од тивката љубов пламнува страсна омраза. Интересно е како Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги туку-речи до вчера немаше проблем со „објективноста“ на таа телевизија. Најмалку исто толку интересно е и како на таа телевизија досега не ѝ дотекна да прочепка низ работењето на претседателот на Агенцијата во поранешната фирма, со што сега му се заканува. Толку, како сликичка за „професионалноста“ и на еднитe и на другите. Ја чувствувате реата и овде?

 

 

DW.COM

Реклама